ти (зам.) - текне (гл.)

— Како ти текна, светијоване, ова да го сториш? Mope, јас знам што светијовани имам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море ми, како ти текна и воа да го направиш златна, Доле? — праша со восхитеност Доста Макрева и ја фати за врат небарем ќе ја избакне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не мора да си добро платен психотерапевт од Роуд Ајленд или од Вермонт за да ти текне дека Мајра е моја Кетлин, а дека орангутанот сум јас. Ова беше поинакво..
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
А со умот си велеше: „Чекај, агачко, да видиш како се кршат остените од нашите грбови. Не ќе ти текне уште еднаш да ги погледаш, а не да ги кршиш од нас".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе ти текне да одиш на пример во Русија, ќе си одиш...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Видиш, - рече Шишман. - Добро оти ти текна. Бадијала ке го расипевме пликот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сега таа му рече на татко ми: „Добро, бре, мажу, како не ти текна некојпат да свртиш очи, да прашаш да не сум гладна, да ми дадеше скришум корче леб?“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А кога ќе отидеш без среќен ти пат, не ќе ти текне веќе да се вратиш. Најпрвин мантијата.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Зборувај, раскажувај што и да било... За црни Арапи или за бели жерави. За сѐ што ќе ти текне.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Арно ти текнало! Само, ќе ја правиш како Турчин, а не како рисјанин! Бити даваси!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Избричи си ја брадата, - рече тој. - Што ти текна за брадата моја... - Глупава е... сите мудрувате...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
АНА: Ама селанец си, да ти текнеше да земеш за семе!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Море, мажу, што не ќе ти текне!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И што не ќе ти текне тогаш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЈАКОВ: Сега ти текна? Родителите те држеа врзана цел живот, не се бунеше, мислеше така треба, мислеше добро ти е.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Еве јас те учам. МАТЕЈ: Арно ти текна. Кај беше досега? Ти ме мачиш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Како ли ти текна! - Не мене, тебе ти текна, загубенко!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сешто може да ти текне на враќање: и дека владетел на планините е она страшило од птица, плус змија ѕвечарка и дива мачка, кое што те посматра со ледените камени очи уште од првата ти стапка по Светлата патека.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Зашто ако земам сѐ што ќе собереш од селаните, тогаш еден ден ќе ти текне да ме предадеш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)