ти (зам.) - стои (гл.)

Ти стоиш постојано И за прв пат преоѓаш преку небото Со своите очи од лава и тромост.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- „Ех ќе ти стои, како не!“ - заклучи незадоволно Соколе и се откажа од оваа неостварлива замисла.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Нешо си ми нервозна“, „Много ти љубоморат“, „Пуно имаш душмана„, „У никога да немаш поверење,“ се едни од главните фрази на оваа наша легендарна македонско босанска пророчица која на крај увек ќе ви дае воља за живот со нејзината фраза дека „Среча ти стои“.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Радо, бргу облекувај се да видам како ти стои? А како може да стои!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Истото ова, само модифицирано ќе можеше да го најдеш и поевтино. Но, сѐ на сѐ, супер ти стои.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Одлично ти стои, маче“ - не бил достапен повеќе од два часа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да „ја имаш“ мајка ми не е баш лесно, иако изгледа дека ти стои на располагање и дека можеш во секое време да сметаш на неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А се префрлаш, што се вели, сакаш да заспиеш, ама срцето ти стои будно. Си стражари така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овде глас ти стои и срам ти стои.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не го гледаш, а знаеш дека ти стои над главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еве ме, Купидоне, еве ме, црна музо, јас сиот ти стојам на располагање, удри на мене, бори се со мене, се саможртвува Трифун Трифуноски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Молчењето прекрасно ти стои.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ти стоиш на брегот врзан за трските со златниот конец на тајната.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Татко ти стоеше онаму, надвор, на плочките под лозницата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе се насмееш, а смеењето ти стои некаде настрана од устата, од лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)