ти (зам.) - си (гл.)

-Па ти си жив! Гаду! - завреска тој. -Ти поганиш, значи, жив си!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не знам дали ќе стигнам да го напишам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Ти си пострашен од горилите. Кога би те сретнале во џунгла веднаш би се искачиле на дрвја од страв.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Курто: Слушај, Дики! Ти си добар пикавец, иако не ги сакам пикавците толку многу!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Одеднаш, однекаде се појави самоубиецот; скаменувајќи се, гледаше во мртовецот што се празнеше.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лобо: Баш си педер. (Се бричи) Да не билдам би сакал да сум влакнест како горила.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ме потапка по рамото: Ти си способна ќе најдеш, јас не можам да те плаќам, војна е!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Всушност самиот ти си тој што треба да ѝ ја погодиш мелодијата за да можеш да ја чуеш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Ти си крив? - викаше едниот селанец. - Твоите овци влегоа во мојата пченка!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
-Треба ли јас сега да се карам со тебе и да се тепам? - додаде третиот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ако си ги гледаш бизнисот и фамилијата, ти си орајт, секој има за тебе риспект.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ти си, очигледно“, му реков, „еден ладнокрвен фантазер.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колку што знам, ти си таму и таму ќе се видиме и ќе бидам в село за дваесет и осми, за празникот наш Света Богородица“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да, ти си истиот оној кој за своите дела ја заслужи пофалбата и довербата на овој несреќен народ, но денеска ти си дезертер, ти си предавник што заслужува само прекор и казна!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
МАНОИЛ: (Ѝ го препречува патот) Стој, ти си моја жена и без моја дозвола не можеш да ја напуштиш оваа куќа. Ти тука ќе останеш!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
МАНОИЛ: (Ја фаќа) Ти тука ќе останеш! Ти си должна мене да ме слушаш!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Во еден момент стражарот дури го запира коњот, свртен накај него, и на Пискулиева му се чини дека еве сега ќе го викне: „Еј ти, доброто ми момче, ајде оди ми си надвор, гледам јас дека ти си по грешка овде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- „Што ќе го читам јас кога ти си го прочитал”, рече Орде непријатно мрштејќи се и почна да се расправа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
2. Ако ова дрво овде е багрем, тогаш куќичката за птици е закачена за моето десно рамо, поилото за пчели се држи за сламка а ти си со Девојчето од другата средина, не ти се допаѓа преводот и ги фрлаш презреаните сливи кон косовата прегласнот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Зошто го велам тоа? Да ѕирнеме низ меѓичката (!?), уважувајќи го ефектот на ретроспективна дисторзија: „ти си ми како дел од телото, како раката”, зборуваше таа исчезната хероина во набабрените - можеби би згрешиле ако кажеме: облаци; мевови („вреќи на зборови”, како што би рекле одредени африкански врачеви*) под таа оцртана површина.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Вчера само за инат ти велела дека не те сака и дека ќе се мажи за Бузо, зашто ти си се правел важен, не си ѝ обраќал внимание.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Знаеме ти си умно и чесно дете ... Како и мајка ти ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Па, ти, Лангач, знаеш, ти си... Не можеш ти... Туку ќе видиме. Ќе зборувам со учителот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ти си мој гостин и пријател.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не ако го сторите, ами ако го сториме, речи. Ете, и ти си сега со нас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мирко: Од сега ти си војвода.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ти си добро момче, Драгане, ќе ми помогнеш до крај и уште посилно да зашуми сега мојата радост.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од двете страни е на грмадата од планини , повеќе во карпи одошто во красти, меѓу нив е бунарот на небото по кое се расцветуваат и прецветуваат од облачиња во пропатување, а ти си сред еден усој во кој сонцето само ќе наѕре и зиморливо ќе се скрие.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Ти си пијан. Си го испразнил шишето. - Веројатно е дупнато. - Ти си дупнат. Како можеше, а јас да не видам?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ти си само минувач по небесниот друм обожувач и служител на каприцот на правта (Бидејќи и правта некогаш била човек).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ти си најитриот крадец на туѓи соништа па сепак помеѓу четирите ѕида на утрото седнуваш најсиромашен.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ме плаши молкот а ти си молк што слегува по оној срт и доаѓа – само спомен, и доаѓа – само одѕив по патот на ветрот студен тој злочест двојник твој...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Оф, тате! Ти си златен! - извика Ване и рипна за да се приготвува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Сашо, ти си помал, а и поблизу си до печката. Стави дрва!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Јас треба да учам. А ти си мал и не одиш на школо.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој, исто така, се пријави, ама стрико Борис нему му рече: „И ти си добар“, му рече.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И ти си прав, и јас може да имам кабает. Сите треба да го ставиме прстот на умот...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: Така е, Панде, така. Ти си кирајџија, одиш горе-долу и ќе чуеш по нешто ново, пак знаеш...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ПАНДЕ: Ете тоа не ви чини; Коте што рече: Кој трга наваму, кој трга натаму; јас сум ова, ти си она...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- А ти си ајдук. Крадеш од мајсторот слатки и ги продаваш за цигари, избувнав ненадејно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Полека, со трепет во гласот реков: - Ти си апаш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Јан Лудвик“, рече. „Ти си целосно морално уништен; ти си обична морална руина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако застанеш на трапезот и мислиш на техниката со која треба да полеташ кон упатениот трапез од другата страна, ти си готов; услов да преживееш беше да ја заборавиш техниката, а таа пак, во тие моменти, кога ја забораваш, функционира беспрекорно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Јан Лудвик“, рече. „Не очекувај од мене веќе ништо. Ти си готов, човеку божји.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се искачив на насипот кај Земанек и му реков: „Го суредив гомнарот“, а тој гледаше престрашено во мене и велеше: „Ти си луд, човеку, ти си сосема луд!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во еден миг викна: „Ти си обична свиња, Јан Лудвик!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Земанек рече: „Ти си луд. Јан Лудвик, ти треба да одиш на психијатар.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ти си идиот“, рече Земанек. „Гледаш дека не те сака“ рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ти си сам? Каде е Ангелоти?“ „Тој и неговите луѓе мораа да завршат некоја итна работа, но ќе се вратат утре сабајле, и уште други двајца ѕидари, и тогаш работата ќе оди брзо.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
-Чекај, полека. Ти си во право, но јас ќе морам уште многу да зборувам за тоа – рече старецот, притискајќи му ги рамениците, со своите суви раце, обраснати со долги нокти, буткајќи го кон тревата. –Седни, отпушти се.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Одејќи кон соблекувалната видов неколку девојки како ми довикнуваат. Браво Филип. Ти си најдобар!
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Верувам ќе ми простиш, ти си добра.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Божем, ти си премногу далеку, и храната во пакетот ќе се расипе додека стаса до тебе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Рајнер полека седна на креветот. Ги потпре лактите на колената, го навали челото на дланките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Треба да знаеш дека и ти си смртен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ти си плодот на еден крадец и една проститутка. Тоа си ти.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дека бесмртноста во која веруваш не е бесмртност – туку бескрајно одолговлечување на твојата умирачка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ова што ти си го насликал е темнина човечка, порочна, грешна, гнилежна, црвоточна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Следниот ден дојде поручникот и му рече, “Ливајн, ако сакаш можеш да го земеш она отсуство. Сѐ е средено сега. Ти си одвишок.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Штом еднаш ќе отпочнеш да ги броиш типовите на феномени, ти си на погрешен пат, без оглед дали ќе запреш на еден или на два. okno.mk | Margina #1 [1994] 43
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Биди разумна и остави ја жена ми. Вечер ќе дојдам. - Нема зошто, отстапила. - Ти си мртов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега седел на двоколката и ги греел прстите меѓу стиснатите бутови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вечерва Герасим од Побожјане ќе раскажува како се растуриле синовите на царот Сонце и царицата Месечина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник праша: „Ти си домаќин на куќава?“ а човекот со блесок на заби во брадата рече дека е така.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Го најдов и го доведов. Ќе го нахраниме и ќе го облечеме. Ќе се моли за нашите души.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Тој клеко не е за тебе. Ни тој, ни другите од селово.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Или можеби таа е веќе трудна од твоите овдешни желби?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Знам, ти си за мене, со потсмешлива тага се наведнала; веѓите жестоко ѝ се извиле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ти си, Борисе, како извртен минтан. Пред ова беше за другиот Онисифор. Нели сте и роднини?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ти си, Лозане, дете. Не знаеш. Во мозокот на Онисифорче Мечкојад одамна лазат црви.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ФЕЗЛИЕВ: (Резигнирано.) А ти си будала. И тоа многу.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Можам ли јас да не ти поверувам? Та ти си единственото нешто што ме држи уште во животот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Ти си пијан. И тоа многу. (Го отфрла Фезлиева од себе.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Да, епизода. Впрочем, ти си крив што таа воопшто излезе од овој плик.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ти си песна, а јас нејзин пеач слушам како навива звукот шепоти тихо морничаво „Неповратен сон сонуваш!“
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
На крај ќе забележиш, и ти си дел од тој пејсаж...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
ТИ,ти си само дел од оваа драма што потсвеста ја подготви во мене...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ти си цвеќе, чие име одамна го заборавив...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сѐ кај тебе е згодно и ти си еден таков самјак, каков што јас веќе ниеднаш повеќе нема да сретнам; кај тебе е сѐ згодно, но ти би требало да сториш така.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А ти си бесен да треснеш сѐ од земјата и да бидеш малку сам, против нешто, против снегот, против оваа дивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас заминав по тебе и ти си таква за да бидам сигурен дека ниеден друг не би се решил да го стори тоа, но сега веќе ти никако не можеш да ме натераш ни да помислам дека постои и назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ти си нејзино чистилиште, нишка која уште го задржува полното паѓање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ти си од восок направен и нејзината врелина ќе те растопи. - Циник...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Наеднаш Ана се свртува кон неговото лице. - Ти си растроен! Побргу в кревет!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ти си еден варварин. Си им го украл јазикот, а си им ја запустил учтивоста на Французите...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Телото се распаѓа, останува другото со вечното траење: - Да верувам ли дека ти си готов да ме избегнуваш само заради другото?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Какви свадби ти влегле во умот”, му велеа старешините кога ќе ги замолеше да го пуштат, „ти си изветреан: се чека фронт да се отвори, а тебе умот ти е по свадби!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Ти не си роден да живееш човечки живот” - му велеше жена му. „Ти си роден за в шума...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го слушаа луѓето, а потоа ги грабнаа стаповите и пак го претепаа. „Ти си ѓаволот! Ти со натемагото!“ му рекоа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Па, си земам за слобода да речам дека е најдобро да си ја тркалаш железната пара на бош и да се дружиш на пријателска база со двајцата, додека не му здодееш на младиот, кој секако има помалку трпение од возрасниот, кој, пак, знае да чека до бесконечност затоа што е каваљер, а ти си неодолива.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мувата спие во детската соба, ти си раат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ти си човек од бога, му велиме, и ако ти се откажеш од нас, ќе мислиме дека и господ се откажува од нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ти си тај, му вели, што пропагираш да je Македонија Бугарска, а?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ти си, Велико, или не си, ми вели, и очите му трепкаат како пеперужиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отсекаде раце се подаваат, те дрпаат за лакти, за скутина: те молат да им дадеш нешто. А што да им дадеш кога и ти си како нив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ти си продадена душа, вели, и за тебе уште мрзата твоја работи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жив ми требаш, знаеш што е жив или и ти си од мртвите, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ти си Дуковице, велам. - Јас сум, вели Дуковица Вендиоска, ти носам писмо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Мори, жено, ти си Велика, ми вели, или не си? - Мори, јас сум, ѝ велам, ами ти, не си ти, Стојна?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што, слеп, истрел не сте фрлиле? А, и ти си тука, дедо Сотире!... - Тука сум.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Капсула, трпелив човек, ги плетка долгите веѓи во тежок јазол, се мурти: - Ти си, дедо, без пушка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сакаш и ти да повлечеш по нивичкана, да ја натопиш со пот. И ти си како човек.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти си прва во која што се заљубив и дај, боже, последна.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Ма ти си сто насто откачена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаеш, ти си ми многу чуден. Ти си еден од ретките планинари кои природата најмногу ја користи за да ги тамани цигарите, а не да си ги исплакне дробовите со чист воздух.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- О! Мамо ти си! - изненадено изусти Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Значи ти си моето догорче!? - вртејќи го погледот овој пат кон Рада, која само климна со главата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во ред, ти си змијата, но јас сум мунгосот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ти си таа која треба да одлучи што понатаму и со кого ќе живееш?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ѝ подарувам срцевина од лале, ја остава Сенката зад себе, и заедно лебдиме кон Големата Бескрајна Светлина!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Цел Се стремев да стигнам до Совршеното. Го најдов само Големото Ништо. Ништо - Ти си Совршено
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Еден туѓинец, еднаш, знаеш што ми рече?! - Ти си заљубена, затоа си така замислена. Ама заљубена си во самата себе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Слични сме. Ти си сам и јас сум сам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Утот ми рече дека е грд и се крие од луѓето за да не му се смеат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тоа ти го помисли и ти си луд!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Недоверливо, напорки го погледав. Веднаш ги разбра моите погледи и сега не се стрпи, рече: - Ти си луд, другар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Аврам и Депа ѝ рекоа: „Господ не ни даде ќерка, ти си ни ќерка... Остани да живееш кај нас... Толе, кога-тогаш, ќе се врати...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Биди ми сѐ како што јас сум за тебе сенка која ќе те следи и во мракот.. Зошто едноставно Ти си Ти...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Стариот трепкаше. Не, синко, ти не ќе станеш поп. Ти си богоулник.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Под кожата песочно закрцка крвта и накостреши вепар. „Ракија и подвизи“, за`ржа. „Можеби тоа.“ „Се разбира“, не го сфати Мирон. „Ти си брат“, а тој почувствува нечиј поглед на тилот и се сврте.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ти си богоулник, го чу далечниот, зарипнат глас.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога ловецот е плен Ти си ловец на соништа, а јас ловам копнежи.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
„И ти си љубен мој“, возврати таа, погалувајќи го по лицето со бескрајна благост.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но сега, тука, во нашата расправија која трај со месеци, да знајш дека ти си победник.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ја допре нежно за рамото, полека приближувајќи ѝ се: „Она што сега во моментов го знам е дека ти си прекрасна и дека сакам да те бакнам.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ти си мојот последен верен читател на Балканот во кого имам доверба, земи ја мојата Книга Книга за детето детето објавена на француски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гледам дека и ти си на тој пат. Но ти барем си насочен кон некаков излез.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пријателе, ти си сонувач со биковски очи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Ти ни се подбиваш, ѓаволска душо, ти си шегобиец. И пак душава ми ја гибаш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можев така да ти речам, но не сакав. Мила Азра, ти си мое дете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ти си мое дете, ти си дел од мене. Ти си моја рожба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На известувањето двете, речиси во ист глас, со кикотење му одговорија: „Ти си мачор чорбаџиски.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја отвори пластичната папка, изваде еден од многуте листови, и почна да чита: „Мажот ѝ вели на саканата: ‘Ти си жена за сите мажи. Ти си курва’.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- И ти си секси Бојана кога носиш зелена војничка капа!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ти си последниот човек“, рече О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас му велам „Ти си пијан. Ќе те суредам за половина минута“, му велам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти си многу млада“, рече тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти си предавник!“ викаше момчето. „Ти си мисло-престапник! Ти си евразиски шпион! Јас ќе те убијам, ќе те испарам, ќе те испратам во рудниците за сол!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Кога ти си бил млад, ние сме живееле на врвовите од дрвјата“, рече барменот, погледнувајќи во другите муштерии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Да“, рече Винстон. О'Брајан се насмевна. „Ти си грешка во мострата Винстоне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Глупости. Ти си под впечатокот дека омразата повеќе исцрпува од љубовта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти си ментално растроен. Ти страдаш од неправилна меморија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Може уште долго да потрае“, рече О'Брајан. „Ти си тежок случај. Но не губи надеж.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А еднаш - Винстон не можеше да се сети дали тоа се случи додека спиеше под дејство на дрога, или во нормален сон, или пак во момент на будност - еден глас му шепна на увото „ не грижи се, Винстоне, ти си под моја заштита.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти си млада. Изгледаш нормално и невино. Ако се држиш понастрана од луѓе како мене, можеш да поживееш уште педесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Заповедта на тоталитарците била „Ти ќе бидеш“. Нашата заповед е „Ти си“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сфаќаш ли дека си сам? Ти си надвор од историјата, ти си непостоечки.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти си бунтовник само од половината надолу“, ѝ рече тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти си жена, вели, стој си ти настрана.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- ти се молам, мила ќерко, поврати се дур е време - оти ти си многу млада - многу млада росен цветец - ај, погледни уште еднаш - проговори уште еднаш - да ми дадеш проштевање - на мајка ти некадарна - од болките да те варди - од болките да те спаси - леле, леле јас сирота - што сум била таксирлија - што ме најде небиднина - ај, со тебе јас да легнам - да те топлам, мила ќерко - како в земја да те легнам?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И Лир ко тебе мислел па немир сеел кај идел Мислиш дека ти си Тој – Големиот лидер?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
У тој случај, ти си доброчинителот и херојот во нејзините очи.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
А, ако ти е све преку Тасе, плус, рецимо, ти се свиѓа ова што е погоре кажано, па уште ако се пронајдеш себе си у мотивите на мојата маленкост – Митре Стрелата, ти си дефинитивно спремен да го дигнеш сидрото и да се запрашаш: „Бабо, бабо, а кај да се отиснам?“
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
ЉУБА: Драга моја мамичке! Ти си зачудувачка неделикатна жена.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако ти си културен, а твојата околина тоне во мизерија, тука нешто мириса на расизам...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: А, твојата уметност! Твојата уметност... Најнапред јас навистина мислев дека ти си прекрасен, изразит, скапоцен камен, но сега знам колку ти вредиш.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: Еве ќе слушнеш. Ти си ништо, бескорисен човек, шуплив орев, само површно одозгора позлатен, и никогаш нема ништо да создадеш, а секогаш ќе останеш она што - си, провинциски портретист, со мечта за некаква лазурна пештера.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— „Ќе ми овениш тука, ќе ми се исушиш без водичка, ќе ми умриш! Не, не, ти не умираш. И туа ти си за мене жива.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најстина си гола, боса, не си како виа нашите овдека, токо ти си тука родена. Лесно ќе си свикнеш пак на работите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти си, Анѓо, или твојот дух?! – и застана како закопан на местото ѕурејќи се во жената.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Врз мракот падна уште една ноќ и в тој цвет темен затворено сѐ е под јазикот на молкот немее Сал ти си буден од бдеење болен но песната ја нема и ја нема во несоницата на тие долги дни Ја нема таа месечина јасна под тие клепки седело да свие молчењето да ти го осветли И така кроце часовите венат како што вене виење на волк и липтежот на ветрот како вене
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Тие всушност немаат поим дека ти си во играта.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
- Море ти си коба! Ти си чумино дете! - му свикаа некои од селаните обземени од жалта за своите умрени и од страв од болеста го зграпчија да го фрлат во варницата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но кога тоа треба да се каже, ти си нем, и ти веќе не си ти: немаш нозе смрзнати во листовите, немаш 'рбет за женска постела, немаш чело, гнездо за сенка на мртва птица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Докторе, ќе ми речат. Ти си ликвидатор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти си ми жена, можев да ти речам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сепак ти си Марија и ти не можеш така да говориш, ја прекина. Ти не си Еврејка и, можеби, не си била ни Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти си рамнодушност, твојот корен не цица омраза како нашиот корен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти си лоша крв, ѝ рече. Пакосна крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти си црв. Јас сум цреша.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Саво, ти си студент, знаеш германски, ќе бидеш водич на групата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Татко ми се викаше Тане. - Ти си од Танета? Оној што загина во Белград? - изненадено праша чичко Тале.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Токму тоа - реков, можеби по малку и гневен - не можам да сфатам: ме обавестуваш за смртта на нашиот пријател а ти си во толку добра кондиција и покрај лелекањето преку телефонот за обетките, облеката, шминката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Важи“, реков. Тој ми ја затресе раката. „Ти си добро момче“, рече.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ти си тврдоглав, човеку...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ти си кукавица, мајкин сине – велат големите деца. – Те знаеме ние тебе. - Не сум кукавица. Ќе видите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Зошто Зоки? - Скратено. Така е поубаво. Ти си Зоки, Зоки... Поки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Е, ти си добра, малечка, - вели чичкото. А кога ќе го избришеш?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ти си нашиот пингвин нашата фока, јагуар и јагне.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
25 но ти не се враќаш само јас се играм и во занес, и во очај зашто ништо нема моќ нема такво време ни таков живот обнова нема близина блага ни блаженство зашто далеку одовде ги нема милите предмети нема реки ни планини нема езера ни миризби и кајшто ги има зашто сѐ е црвен кантарион отсега па натаму лековита но горчлива пресеклива трева, жива лава и сѐ е грешка и нема помирување и другото е друго, трето и сѐ се брои а ти си единствена, неделлива грутка, Младост и мака и мак, и зрнце царевка царска приказна полна пресврти и препознавања делби и разделби неразрешливи заплети - и душата ти е водена низ мрак од незнаење кон знаење, трагично, Аристотеле – зашто некој ја негува уметноста на фугата бегството, селидбата!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
ЧЕТВРТА ПОЈАВА КЕВА И СПИРО
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А овие изрипаа од дупка како сотони од пекол, па, ти си ни кум! Циганска работа! Тоа ли е ред!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Каде ти е чорбаџијата?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Слушај, Апостоле, ние кумови не можеме да бидеме. Што не е ред, не е.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ами, ти си машко. Ајде, не биди страшлив, разбуди го.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ти си ситна риба, Спирко, посна.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А ти, коџабаши, ако си некоја.сила и власт, удри по адетот, стори го јасак!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И нему сѐ в очи ќе му речам! И ти си кабает, чорбаџи Теодосе!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: (Го затнува носот.) Доста, доста! И потаму! (Се трга назад, тихо.) Скот! (Гласно.) Ти си — недокрстен!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ЦОНКА: А и ни умреа неколку деца што ни ги крсти тој... (Плаче усилено да побуди сочувство.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Гледам — Гертруда фризерката. — Ти си? — Јас сум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А на кои Германци, си мислам, кога и ти си во нивна униформа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш ти си англиски шпион, ми вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Но ти си осуден според воените закони, му велам, а не според некој мој параграф. — Вие можете...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти си, се слуша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти си трудна, ми вели. — А?!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти си поважна од ногата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Мори, ти си будала, ми велат. — Будала, ами што, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти си нашенка, а? Јас сум Македонка, велам. Македонска Б'лгарка, ме исправа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Честопати помислуваш дека само ти си останата на светот. Толку многу сама.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти си ми орден, вели и ме гледа, во чаша ќе ме испие. Улава младост...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас ќе вријам од лутина, а тој пак исто: Ти си убаво чупе, но улаво чупиште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти си, Небеска?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти си улава, ми велат, што мислиш ти?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти си или брат ти, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти си ми татко?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме пречекаа две криминалки и ми велат: — Ти си таа и таа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти си дом наш светол на работен народ во секоја душа, град, фабрика, село живееш и растеш а со Тебе ние, Републико наша, наше дружно дело!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
- Зар и ти си како мене? - Во што?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ти си една од нашите ѕвезди – водителки. - Јас! Јас! Само јас!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Ти си можеби подводниот Вок со едно око? – праша Дедо Мраз со непроверена проценка.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- За срцево ти си нешто ново, нешто што налева радост, надеж.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Лажливо нишанејќи со темниот поглед, изрони низ носот: - Значи, ти си тој!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ти си мис над мисовите, ама не си била моја среќа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Портокалова месечева мена или реинкарнација Не очудувај ме Ако јас сум болка, ти си портокалово во неа.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Некој Јанко, речиси - во оган вивнува, по кадрите на некоја Вера заљубено воздивнува: - Презрели ѕвезди со дланка барам. Меѓу сите Вери ти си најкадравата Вера!
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
БОГДАН: Ќу ти кажем ја тебе право у лице, докторе:ти си бугараш (Докторот се штрекнуе). Ја, знаш како, што на ум ,то на друм - отворено.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
БОГДАН: (сржуе). Ти си крива, сунце ти твоје, ти ме превари.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Со солзи и со болка ти си обуен и облечен, ти, ти кучешки измету, така да знаеш... - Добро де, ќе знам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Стани! - Па ти, па ти мори, ти си контра! - извика како попарена другарката...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Да запамтиш, Циљка, дека ти си борец... - Во малина... - рече некоја и сите удрија во смеа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите кои тука се доведени, се родители на дезертери. И ти си родител на дезертер.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас, другарче, многу добро те разбирам, Ти си Македонец, да?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- И ти си како дедо ти! - ми викна даскалот, небаре, како да ми плукна в лице.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
СЛАВЕЈ И ДЕТЕ - Славејче мило, слаткопојно ти си птица над сите птици.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ти си наша чест и гордост, песна наша што нѐ крили, ти си полет, радост бујна, вруток што ни дава сили.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
ПАРАСКЕВА: Утеши ја Јакове. ЈАКОВ: Како? ПАРАСКЕВА: Ти си уметник. Направи смешка!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МИРА: Истегни се и чекај. Тоа е модерно. Ти си исто мал Борис. Само уште да пуштиш стомак и да оќелавиш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СОЊА: Ти си пијан. Ајде Халил. Јави се утре. БОРИС: Со извештај од фронтот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ти си во газ правен. Тебе ништо нема да ти се случи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОЖО: Тоа не е вистина. ЈАКОВ: Но не е неверојатно. БОЖО: Ти си луд.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јас сум здрав и жив, ти си заклан. Немаме ништо заедничко. Се оддалечуваме. Ти ќе пцовисаш, јас продолжувам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СУЛТАНА: Кој си ти? АНГЕЛЕ: Пушти. СУЛТАНА: Што те мачи? АНГЕЛЕ: Ти си вештерка.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЕЛЕНА: Сите се зафатени, никој ништо не работи. (На Михајло) Каде беше досега? (Пауза) Ти си (Пауза) Јас сум тука. (Пауза) Простете господа (Излегува. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОЖО: Ти си опседнат со секс. ЈАКОВ: Да. БОЖО: Времето бара општо воздржување.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СОЊА: И ти си ми мене татко. Те чекам како утка со саати.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ГАВРИЛ: А ти си кал. Јаловина. Згура. Ти не си тука. Ти се штедиш за некој подобар живот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тропнав, отворија врата, ми ја зедоа лажицата, почнаа да ме удираат по глава и да викаат: „Ти си таа што моча во гаќи, ти си таа што моча во гаќи?“
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: Што не ги поправи сама? Ти си за машко – женска еднаквост.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЈАКОВ: Ти си добар уметник? КРИСТИНА: Не знам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Го нема тој вајар кој од твојот материјал може да направи било што пристојно. Ти си без облик. Ти едвај постоиш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ти си дете и деца не треба да зборуваат за умирачки - ми свика таа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Камбо тогаш ми рече: Миле, ќе кажам дека јас ја прекинав колоната, јас сум Циган и не е штета што ќе загинам, а ти си убаво девојче и ако загинеш цел баталјон ќе плаче, а кога ќе чујат во селото и тие ќе се расплачат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Што и да те снајде, никој не смее да крене рака врз тебе, или да ти суди, зашто ти си човек на манастирот Свети Ѓоргија-Горг.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Толку ме налути, што изеде убав ќотек со суровица. Ама сега ми вели дека ти си ја сакал.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ти си риба...риба... Е па, вака: денешниов ден ти е чудесен. Ќе имаш едно изненадување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мехмед паша се насмеа: „Ти си бил ептен будала, бре, ибн Пајко! Жена ми, жена ми!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го праша тогаш Мехмед паша, гледајќи го под око ибн Пајкота: „Ако мислиш да си купиш дете од пазарот за робје, дете да ти слугува и да ти мете низ дуќан, јас дозвола давам. Ти си аза, чело на рисјаните. Само речи.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ти си решителен, му велеа тие, тоа што си го намислил е корисно и разумно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Алал нека ти е, ти си некој аклија каур! Ама, анасана, како мислиш да ја ѕидаш џамијата?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ти си аза, аферим треба да ти речеме за многу работи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Па ти си ми жена“, се навали Петре на болниот колк.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знаев дека ќе бидеш умен. И ти си умен, ама и жена ти си ја наградил.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ти си студент и не можеш да изигруваш Рокфелер, па да ги носиш гостите по ручеци во ресторани.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Сепак, каква приказна?“ „Ти си писател. Смисли!“ му вели. „Добро“, ѝ вели авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Оди си! - налутено го пречека и поточето. - Ти си лошо славејче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ех, несреќнице! Ти си многу, многу наивна. И не лути се, ама простичка си.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Како кога ѕвони телефонот, ти си дома, а не ја креваш слушалката.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не ја кревам не затоа што не слушам, туку зашто не сакам – реков. - Е, па и со разговарањето преку мисли е слично.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)