ти (зам.) - предложи (гл.)

- Добро. Ако е така, ќе ти предложам нешто.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ти предложи да го напуштиме аеродромот и да прошетаме малку низ Њујорк. Од аеродромот Кенеди се качивме во метро.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А колку ќе можат да ти помогнат за да се излекуваш остави ги самите да ти предложат ако се сетат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Па, тогаш да ти предложам нешто! Се сложуваш нели.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На крајот, како го правиш тоа може и да подлежи на оценка и критика од други, било геј, било стрејт, и можеби ќе ги побуди оние што се сметаат за зналци да ти предложат како да станеш подобар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас кога размислив подлабоко, дека вујко ти е причина за смртта на татка ми, длабоко се потресов и се покајав што така непремислено ти предложив.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)