ти (зам.) - покажува (гл.)

И да не ги познаваш страните на светот: ништо да не ти кажува, никој да не ти покажува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе погледнеш, а погледот ништо никаде не ти покажува и од никаде не ти се враќа назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тебе болеста само криви патишта ти покажува, ѝ велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)