ти (зам.) - повела (гл.)

Јас, матрица, матка, матерка, модра, мадра, мудра матрона од Другиот свет (не, овој никогаш не ми бил доволен!) ти повелам: влези во морето не мисли на немоќта оти никогаш не знаеш колку ќе издржиш и во болот, и во ужитокот пливај до кајшто гледаш а гледај далеку, секогаш подалеку јас глаголам задумно на 'ртот зборувам на својот мајчин јазик (о, какво олеснување, каква удобност!) и сила ти давам а не утеха!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не е тоа работа на Митра, мила сестро, како ти повела срцето, така прави! Од мене имаш изим! проговорува Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)