Промртка Бугаринот што промртка и кога виде дека овој го притиска изусти едно тажно стенкање на чист македонски ГОВОР: — Е, јади ме, де, јади ме, ти падна во рацете! — и ги олабави своите раце од Митревите гради, откажувајќи се од понамошна борба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Дали некогаш ти паднало на ум, Винстоне, дека до 2050 година најдоцна, нема да биде живо ниту едно човечко суштество кое би можело да разбере еден ваков разговор, каков што водиме сега ние?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
— Тебе ќе ти падне главата, му вели офицерот, а ти жалиш за капата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Полине почнаа со реквизиција: собираат жито, добиток, сирење, маст...“ „Ми дреме...” „Да ти падне, да даде господ!“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
ЕДЕН ТУРЧИН: Не лути се, зотни Иљо. Не лути се оти уште не си оздравен како што треба, ќе ти падне тешко...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Од таванот висеше лустер во вид на црковен свеќник, повеќе декоративен одошто функционален, освен ако не ти паднеше на глава.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- А ако зборот ти падне во вода?
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
„Пребледен си. Да не ти паднал шеќерот?
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Дали сега кога ти падна тешко го виде, вели, или таму некаде? - Таму, вели Јон, кај што бев.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)