ти (зам.) - останува (гл.)

Кругот ќе те исфрли и не ти останува ништо друго освен да паѓаш, да паѓаш, да паѓаш...“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Интересна забелешка, но ако одамна си им рекол чао на чоколадите, тогаш што ти останува од кутијата? Кутијата ли!?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Што ти останува сега. Ти останува само тоа...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа е времето кое ти останува. Си го посветуваш и трошиш на себе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Постојано ти поминува над главата и постојано над глава ти останува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека со шашливиот поглед си тука меѓу познајниците, а со третиот крајник пак тука, но меѓу мислите, друштвото се крева и се растура, сопственикот ја расчистува масата, бифето се затвора во одамна затемнетиот театар и ти остануваш сам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како да зафаќаш со дланките од езерото, а ништо не ти останува меѓу прстите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но тебе? Што ти останува тебе? Зарем огновите повикот ќе ти го слушнат?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Што велеше Лазор Ночески: „Ако не каснеш црешна, барај јаболко или оскорушка, ако не го завтасаш и тоа, ти остануваат само шипинки и глогинки.“ Толку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)