ти (зам.) - објасни (гл.)

Не можам да ти објаснам што ме тера да те побарам, вака, со писмо, но и да можев тоа да го сторам ќе кренев раце. Тоа би било предолга приказна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бетер е. Ќе ти објаснам. Имаш време, нели?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
„Сега ти објасни на Рози што песна значи”, рече тој.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Па, како да ти објаснам, - рече. - За да вршиме сами некои поголеми откопувања, немаме средства, а летово тоа и не ни е најважно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не знам да ти објаснам што и како чувствувам за него – сакав да ѝ разврзам, но таа исчезна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Да ти објаснам – ѝ реков. – Паметиш колку многу сакав да имам кукла Барбика?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колку долго сонував да ја имам, се сеќаваш? И никако да ја добијам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Е, сега сѐ ќе и каже и мојата лага веднаш ќе се открие.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нему сѐ уште ништо не му беше појасно, но кога чу дека Бак се вратил, скокна и влезе внатре: - Мамо, мамичке – викаше по тетка ми – дојди, сѐ ќе ти објаснам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се вратив откај двата потока дома, во куќата, многу смирена, утешена и малку уморна од сето тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Стани Кристина, движи се, те преколнувам, одговорна си за својот живот, тој е како оган, мора да се чува, не си во прашање само ти, во прашање се некои свети небесни принципи, не знам како да ти објаснам, те бацувам и те молам и те сакам, стани, оди. Ќе пропадне светот, никој не прави ништо.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СТЕВО: Види мамо, тебе и онака не знам како да ти објаснам некои работи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Како фалусен симбол, т.е. фалус, како фетусен симбол. Друг пат ќе ти објаснам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Слушај и запомни за да не речеш после дека не сум ти објаснил, па да ме срамиш пред некој наш полковник или генерал.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Е бидејќи мислиш дека знаеш ќе се обидам да ти објаснам зошто се смееле и што се случувало.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А кои се причините не би можела да ти објаснам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ИВАН: Би сакал да ти објаснам. ЛУКОВ: Ги мразам објаснувањата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)