ти (зам.) - нема (гл.)

- Само ти немаш никаков кабает, - му велам јас нему. Задирливо.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ти немаш каде да ја примиш. Срце што нема за себе конак, не може да пречека гостин!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Затоа сега, дека ми должите, ти нема да ги добиеш ни твоите десте грошеви ни облогот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- А ти немаш видено пијавици? - го прашав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иван се насмеа. Но онака, без да пушти глас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Јас и ти немаме ништо за расчистување“, рече. „Луцијо“, реков. „Каде ти е љубовникот, Луцијо?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Одеднаш, од мечтаењето за ново сказание, во кое ги замислував сите нив како рој муви, ме прекина, како бич ме шибна гласот на Писмородецот: „А ти“, рече, „ти немаш ништо да кажеш?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го прочитав писмото и во умот, ко за себе, реков: кај исчезна, кај поштук фати стрико Бојане, та цела година ни око ти немам видено, ни глас чуено?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Што ти нема, Борисе?" со мака ги крена очите Онисифор Проказник; и погодуваше: „Пушката, нели?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаме челник, тој нека ни објасни чии прсти пораснале.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ама, чичко Славе, па луѓето имаат проблем, а ти немаш поим ни од треви, ни од медицина, а башка грев е “- се ужаснувам јас, а тој ми вели: „Зошто грев?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Ма, немој да ме зезаш!“, се смеам јас, а тој ми намигнува како предвоен швалер со два прста мустаќ како Клерк Гебл и ми раскажува: „Ти немаш поим за животот, дете.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Убаво ми велат Јоле и Спасое: - Пази, Јоне, ти немаш много пријатеља.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кутар младичу, тебе ти нема спас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Такви се луѓето од мојот крај. Секогаш од лекарот го бараат невозможното.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Синко, му рече. Ти нема да станеш поп.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не, другар брат. Ти нема да ме стиснеш во свој параграф и да ме залепиш со печат во своја графа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ти немаш смисла за реализам. И не си месечар. *
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Најпосле ти немаш слух за мојот речник и би помодрел од бес кога би ти рекол - неочекувано се видов мртов и ти пишувам мртов.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Дојди, те чекам со штедрота. Жажда ме сотира по крв, крџалио.“ „Доаѓам ... Дерман ти нема.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ти нема да го патиш тоа јас шо го пати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А ти немаш бол и не си глад и не си нож.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Откако собра сили и ум, и виде оти е сам, толку беше при себе, повторно продолжи да ѝ се заканува на реката: „Ти нема спас, и тебе и на твоите јагули, кои ќе ми оделе божем во капиталистичките мориња и ќе ми се враќале оттаму!!! Прикаски за деца.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Мислиш, мајка ти нема разбирање за нашето разидување?“, праша таа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ти немам раскажувано за нејзината историја, нели? Е, добро.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дачо нерасположен и скиселен продолжуваше да спие со Ранч, а и Ранч продолжуваше со своите зајадливи боцкања: штом ќе дојдеше време да се јаде, Ранч ќе влезеше во стројот крај Дачо и зајадливо ќе му дофрлаше в уше: - Ако не дадевме ние пари за тебе, ти немаше да дојдеш ваму.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
МАТЕЈ: Не приплачувај. Ништо не ти верувам. Ти нема да ме научиш што морам да правам јас!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАРИЈА: Ќе ручаш? СТЕВО: Јадев ќебапи во Кантина. МАРИЈА: Ти немаш куќа?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ти постоиш само како моја спротивност. Ти немаш свој автентичен живот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)