ти (зам.) - направи (гл.)

- Знам, - рече берберчето, - Но ете што ти направиле тие мрсници против кои ние војуваме.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дедо му Аврам кога лежеше болен и кога вака му доаѓаа луѓе со понада, велеше: „Во животот човек може да ти направи зло колку што сака, тоа се простува, но најтешко е ако пред умирање не ти обрне внимание, ако во тие моменти ти се сити или свети...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ќе ти направам супа од хумор солен, настина насмевката.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
На коцката кај МКЦ имаш девојки кои ќе ти направат сѐ што сакаш, а не мора да ги ожениш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Ти знае англиски“, му рече. „Ти направи рап, игра со зборови“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можам за тебе да се грижам до смрт. Сакам да се грижам за тебе и никој не смее да ти направи зло.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— Што ти направиле, Војас? — Војна, вели, таква ми била среќата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме згази, душата да си ја згазиш, слушаш, оф, мори мајко, што ти направив да ме родиш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама ако не те сака смртта, што се вели, ќе ти направи место да се разминеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Самиот Еди Краста сака да ти направам некои пробни снимки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ете, ќе ти направи смртно да се заљубиш во кокошка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Те виделе на една фотографија и веќе се готови и крв да дадат ако ти затреба. Начисто се луди по тебе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Може да направи да добиеш најмногу 50 илјади, може да претвори човек во животно, а може и да направи кај некого да се појави неприродна страст.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
СОЊА: Со тие раце ти направи и нешто друго. БОРИС: Тоа го платив и преплатив. Ти двапати годишно проверуваше дали сум жив и ми честиташе на упорноста.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
АНДРЕЈА: Ќе ти направат споменик кај мостот. Крал Петар на коњ, Крал Александар на коњ и Стево Андреевиќ на... коњ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Тој нека каже. Ти направив ли нешто, Матеј? МАТЕЈ: Не професоре.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ја видов и Маци како се качува врз масата и како почнува да јаде од чинијата на свекрва ми, ама ништо не реков.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во едно канче тури вода, а потоа од живата ограда искина грст зелени ливчиња.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Сега ќе дојде баба, ќе видиш што ќе ти направи!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ај ти направи чај, а јас ќе направам ориз, - предложи Ане. - Важи, - рече Дора.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се обидов да му објаснам дека не било до тоа што ме гребнала и гризнала мачката, туку до тоа како се однесувала мајка му со мене, но тој само превртуваше со очите и одвреме-навреме ќе ме прекинеше да ме праша: - Добро, и што точно ти направи? Кога точно?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Ќе ти направам.“ „Кога?“ „Кога сакаш.“ „Може сега?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
“ Се обиде да се подисправи на перницата, ама не успеа и продолжи да лежи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Па зошто е чуден? Што ти направи?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Што ти направи, братче Јоне, со страв му вели Уља, јатрва ми, што ти направи, вака да ја мачиш? - Прдна, викнува Јон и луѓето се засмејуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури ни сенка не можеше да ти направи, со твојата сенка да те состави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)