ти (зам.) - молчи (гл.)

- А ти молчи. Никому ни збор да не си кажал.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти молчиш, јас молчам, црвена самогласка како касај од недоџваканото јаболко на Ева, се препречила во грлото и сега само ааме, еаме, иаме, оаме, уаме...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Јас сум водач на едно движение тука, - рече таинствено тој и го погледа Коча малку преку рамо, небаре сакаше да го предупреди: ама ти молчи си...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А ти молчи... Се смееше некако морничаво, ситно, старечки; можеби го давеа невидливи прсти.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
МАТЕЈ: Зборувај за себе. МИРА: А ти молчи за себе. Добро ти е во туѓ стан, со туѓи пари.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Си наликуваме еден на друг дури и во молкот... Ти молчиш оттаму, јас одваму... Тишина..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)