ти (зам.) - мириса (гл.)

- Ех, ех, пустињо. Чекаш, арамијо, чекаш, а? И тебе ти мириса на есен, на орање.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се прашуваш на што ли ти мириса потта на огледалото и едначејќи ги по звучност врисоците на кујната, размислуваш во која техника да го нацрташ денот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Оголнови, што се вели, уште ти мирисаат на штотуку преден јаток и вапсило.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)