ти (зам.) - дозволи (гл.)

МИРА: А ако јас не ти дозволам? (Мира вади шишенце течност. Му ја фрла на Борис во очи. Борис почнува да вика.) БОРИС: Очите! Очите!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ФЕЗЛИЕВ: Тоа дека никогаш на никого не сум му дозволил да ме прави будала; најмалку ќе ти дозволам тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Замолчи. Никој не ти дозволи да зборуваш за таа жена. (По мала пауза.) Ти се молам...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кој ти дозволи тоа да го правиш!“ свика кон сејменот, го истрга пиштолот и ги забуца куршумите во него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)