Мајка ѝ на секое испраќање ѝ велеше: — Ти гледај пред тебе в земи!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ти гледај да нема влага да не вие во крстот. И норовите да не ја лапаат плашицата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се сети и на нивните зборовите: „Е, бате, Стојмене! Имаме земја колку ти гледаат очи, салаш со азган коњи, но што ни вреди кога челадта не одминува.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Патрокле, вели, јас ќе отпатувам за некој ден, ти гледај го дуќанот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
— Ти гледај малку прудолу, му велам, опули се и пред себе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само ти гледај во твоето марширање да не си ги извалкаш чизмите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Остави ги ѓаволите, му велам, да си ја вршат нивната работа, а ти гледај си ја својата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
3.
Време, Човек
Драма, Сатурне:
Јас станувам носечки лик, противник
Ти почетна сила, нагон кон целината;
Јас тапкам одовде-донде
Ти кружиш цикличен, прстенест;
Јас им се подбивам на повторувањата
Ти повторуваш, ретко но редно
демонски син-хроничен, цел;
Јас бришам, ишкам епохи, слушаш ли,
епохи, ех да можам да летнам
Ти гледаш од високо
пишуваш и леташ.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Не, не, не! - се смее Билјана. - Ти гледаш обично!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ама погрешно ти гледаат и погрешно ти кажуваат, си велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)