тебе (зам.) - од (предл.)

„Мамето твое големџиско“, си рече тој, „ќе те сардисам јас тебе од сите страни, па мајка Јана да ти е!“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- И сакам да знаете, а тоа значи добро да запамтите, дека со еден истрел, тоа е најдобро... со еден истрел да погодиш, зашто во спротивно ќе те погодат тебе од ова за кое рековме дека се вика пушка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
СИМОН: Страв ти е тебе од темно? Не! Мене ми е страв.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)