тебе (зам.) - во (предл.)

Еве има веќе две години како ми е страв да отидам на забар.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тинејџерката: Важи, Тики, само ти да ми даваш ганџа кога ќе ми затреба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Доволно е да го почувствувам неговиот прст во мојата уста и веднаш да се исповраќам. (Вилушката ја забодува во подебело парче месо) Краста: Значи тебе во собата 101 ќе те мачат со давење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики: Значи, се договоривме. Тебе во слаткарницата те пикаат во тортата и те донесуваат на забавата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Единственото што вреди е да се напише таа повест што си ја наумил, ако си ја наумил, сето друго е дневна заблуда, кревко и непостојано, како што е непостојана глуварката крај тебе во ливадата“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Море, те фатив јас тебе во незнаење, лаик низаеден, тој мене ќе ми докажува работи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сѐ заради таа пуста несоница по тебе во која самиот се откривам и во која душата ми е голема пустина чие име на ниедна карта не е забележано.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
— Аир ефендум, по стопати аир!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кажи, кажи, да не носам тебе во кашлата кај Расимчауш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Оф, да не веруам не трга со тебе во „Невратилово" — одговори Митра и ја навали својата руса глава на големото Толево рамо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што накарало е тебе в град'т ни да дојдеш?
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
А кај тебе во плевната не би им било лошо. - В плевна, велиш? Професори! - збунето мрмореше старецот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Убавиот Месечков зрак се замисли малку, потоа се насмевна, силно засвети и рече: - Ако сакаш, јас ќе доаѓам да си играм со тебе во топлите вечери.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не верував дека и тој е само убав и светол балон што неочекувано без бол ќе прсне пред тебе во ситни неупотребливи парчиња на збрчкана гума.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Добро е смислено тоа со декадите. Кога ќе наполниш 10 е 1:0 за тебе во однос на животот.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
„Ќе дојдам со тебе во Венеција,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој ги тргна моите прсти од своето рамо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој сака да ужива со тебе во харемот!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јас знам бранови разиграни, ќе те убијат тебе во мене, ќе останеш трага во непостоењето ко споулавен ќе играш во соленото блато на образот ќе ги откопуваш со ноктите нежните насмевки што ги однесе олујата на ова време ко развигорец распеан пратен од ритмот на, чекорот што одминува...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Да појдеме чекор напред да појдеме чекор кон тебе во росните утра а распеаната пролет да ги собереме најубавите цветови роса и мајска вечер цвеќе и зеленило роден ден и празник да ги испееме најновите песни за тебе татковино, за твојот роденден!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Добро беше, кога излегоа по тебе во дворот што му рече нему: „Слушај, бреј, копилјаку мајчин. Зарем ќе продолжиш и од нас да крадеш...“
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ама чаре има“, ѝ велиш победоносно, дека е среќна што те пронашла токму тебе во морето измамници што, ете, само се декларираат како сопственици на способности од видот на гледачи и предвидувачи, и исцелители на кои им е дадено со поглед и допир, како да се нечија продолжена рака, да ги редат работите по желба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Сè што тој ќе побара од тебе во постелата и околу неа е најубавото што може да ти се случи... и не само ноќе“, им велат некои мајки на ќерките... понекогаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Обратно треба да се одбира од оние со и без деца - подобри се оние многудетните зашто се навикнати на бучава, викотници и кавги, па полесно ќе се прилагодат на тебе во твоите „блескави“ моменти, кога се „продераваш“ за нешто за кое само денес си убедена дека е така, а веќе утре не се ни сеќаваш што била темата, поентата и поводот, а за причината ич да не правиме муабет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Писмото не носеше никаков датум ниту се споменуваше местото во кое е напишано. еве ја неговата соджина: Жорес, почитуван пријателе, Не знам каква причина имав да се сетам на тебе во наквечеринава кога низ отворениот прозорецот достаса до мене мирис на диви треви.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сендии, понекогаш се сеќавам на тебе во Хараxуку.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Јас сум виновен, само јас, што те заведов и тебе во оваа авантура!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше готов да заплаче, да истури солзи врз својот свет жолт нотес, наменет само за запишување на главните идеи, но сепак се воздржа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И мене ме имаше во тебе и тебе во мене...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Се обидувам да те насликам во умот во душата, во срцето, да можам цел век да те сакам , да те памтам, да ми биде убаво секојдневието со тебе во мене.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тешко е да те нема тебе во мене, ни наредби од сама себе веќе не примам..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Разбудена среде ноќта те барам тебе во дел од моето тело.... тебе, мирисот на убавина во твоите раце... не се раѓаат повеќе такви како нас... срцето ми кажува стихови за тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Те гледам тебе во неа, насмевката... не можам да ја лажам љубовта, таа ја чека својата за сон...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Така смеејќи се, виткајќи се од смеа, заборави на казните, со двете раце сопирајќи си ја смеата рече: - Е, Леме, проклет да бидам, не се родил поголем шегаџија од тебе во целиот свет!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
За тебе во зелен мундир За пролетните пољани цветни За полжавот што по дожд се буди За милозвучните кларинети За мрзеливиот и оној што се труди За славните химни и сонети За оној што љубов ќе понуди За старите ковани монети За оној што неправедно суди За луѓето – марионети За констелациите чудни За сладоледи во корнети... 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
До крајот на мојот живот ќе се будам и ќе заспивам со тебе во мислите.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Те нема повеќе тебе во нашето семејство.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„Глупости пишуваат овие, тие ќе ми го раскинат бракот…, па јас сум сѐ уште со тебе во брак. И ќе бидам.“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Лиле, со пресудата што ја најдовме кај тебе во собата, отиде во судот да праша - дали мораме да го дадеме детето?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ВЕРА: Ние седевме со тебе во мракот во бавчата, од небото паѓаа ѕвезди, а ние двете бевме во бели фустани, како привиденија, и одразот на белата грмушка во леата беше како привидение, и ти, ти ми кажуваше дека не можеш повеќе, дека Лења те исцедува: ете вака.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мајка ѝ на секое испраќање ѝ велеше: — Ти гледај пред тебе в земи!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ете те тебе во твојот втор Божиќ: веќе имаш постојана работа, и кредитна картичка, и социјален број, и регулиран престој...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Откако братот ја забележа книгата, ја праша Мајка: – Вистина ли е, Мајко, тоа што го пишува брат ми за тебе во книгата? – Вистина е, вистина е, сине, ама малку ја разубавил вистината!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зар има уште нешто непознато за тебе во него? – Во каталогот, мил мој, е запишан најубавиот дел од мојот живот! – Сигурно мислиш на времето на нашето патување во Италија, во 1939 година?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му се молам на бога да ме врати здрав и жив дома, како тебе во Балканските војни...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таму е темно и попелишта само од пресушени мориња Небото распнато на крст се ниша И глас од подземјето вие: - Лош знак е душата себе си кога се моли, И кога човекот остане само со сенката бледа, Зашто тебе во ова соѕвездие те нема – а те гледам, Некаде си – но, каде си, Андромеда?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
„Да“, возврати царот тажно. „Знам дека тоа е вистина. Моето срце беше со тебе во воздухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Да стојам пред тебе во став мирно?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Надевај се. Тебе во гроб ќе те спуштаат, ти уште ќе се надеваш”. Ќе се поправам. Нема време за ништо.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ќе те средат тебе во војска. Ајде засвири нешто. МАТЕЈ: Не знам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Одамна не сме разговарале, сум пораснала можеби, сум станала попаметна – му намигнав ѓаволесто. – А таа што ти се допаѓа, доаѓа со тебе во Охрид? – продолжив, плашејќи се да не скршне разговорот на друга страна, а толку многу ми беше интересен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Да, доаѓа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)