8. З-ум-ирање
Во тој миг прелетува пред з-умот
избезумена птица
листовите затреперуваат
сенките ја подотвораат устата
како да сакаат нешто битно
да кажат
тој збор е дошепнат
независно од тебе
фотографијата го памти шепотот
има сопствен слух
лична архива
своја база на
умирачки.
Меморијата е во чудна несразмерност
со пикселите, асовите:
тие не ѝ се доволни
ѝ треба око, окото на Господ 31посебна состојба на
духот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)