тебе (зам.) - се (гл.)

Ти испраќам како и досега чек на 150 долари. За тебе се 20, на Атинчето 30, а останатите ќе му ги дајш на мама и тато.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ти кажувам еднаш не треба не знам колку пати да ти се повторува овие три топлинки покрај тебе се како пламенче од кандилче најмал повеј на ветре или студена рака што врз нив ќе се подаде може да ги угасне ама ти пули и прави грижи се варди ги заштитувај ги со што ќе стигниш закрилувај ги со сопствената топлина со својата љубов оти нели се тие деца на нашиот син па затоа два пати думај пред да ставиш залак в уста дали не треба во нивните да се подаде за да се прескокне зимата за да се прескокнат годините за да останеме јас и ти во нив!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Луњи ли ќе пусти дојдат сонце ли ќе јасно грејне - патиштата, патиштата пред тебе се на борбата.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)