Па тоа е, си велам, поголем срам одошто татко ти или мајка ти да те фатат како онанираш со оној животински израз на лицето.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Зар не се плашеше да не те фатат?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- И мојов нагант револвер не беше празен!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Море, те фатив јас тебе во незнаење, лаик низаеден, тој мене ќе ми докажува работи.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Знам јас… Ако беше ти, сон не ќе те фатеше!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Нѐ освести зората, нестрплива и гласна (сигурно и таа изгубила нерви) те фати под рака и одлучно те поведе оставајќи ми ги истутканите дипли на улицата, тешки, наводенети од вчерашното водопролитие. Таа знаеше што прави со рацете.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
— Ај, беља! Што те фати бесот сега?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Нели те фатил бесот, да ти кажам, ама ако дојди нешто и ти ќе си ја земиш бељата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но, тоа е твој проблем, кога ќе те фатат за коса делкатните читатели на Маргина.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Пред да те фати замор од работата да појдеш на одмор, а пред да се умориш од одморот да се вратиш на работа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ме избрка и на вратата ми рече: „Рацете ќе ти ги искршам ако уште еднаш те фатам да пишуваш вакви глупости!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- А вчера агентот те фати?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И чека сѐ додека не забележи дека стравот ти влезе в коски, дека ти го совлада мозокот, те фати за грклан, за гради, те стега, те гмечи, те дави, дека губиш виделина и кога ќе види дека почнуваш да се гушиш, да трепериш, да губиш виделина, тогаш знае дека во тебе го внесе зајакот; престанува да тропа чизмата на подот, тупаницата да удира на масата... од очите му се одлива крвта, на усните му се појавува некаква скриена итрина и без да откини поглед од тебе, ти подава ливче и тивко, тукуречи добродушно, ти вели: - Читај! Гласно!
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Почекај, ќе те фатиме и ќе ги врзуваме опинците и објалата со твои жили.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Осип Сечковски кашлаше и викаше низ солзи: „Онисифоре, зошто го стори тоа, мамичката твоја?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бегот и неговите измеќари те фатиле со онаа пушка в раце.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сонот го влечел кон прекрасните длабочини на несуштествувањето. - Расони се, оче, сети се.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
КАТЕ: Така е. (на Антица). Ќе те фати некој грев.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Плус со ова бизнис пакетиве страв да те фати порака да пуштиш, не знаеш до кого сè ќе пристигне.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Може само еднаш да ја видиш, но и да се разминеш, да те фати во расчекор, а таа да остане невидена, недопрена, да замине по својот пат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Те фатија! - како одглас прозвуче гласот на Арсо и усните му се собраа во мрачна иронија.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се шеташе по тесното местенце меѓу сламарниците. - Паметиш ли? Им избегав. - Те фатија, - меланхолично шепна Арсо. - Ќе им се извлечам пак!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Те фатиле затоа што си се уплашил. Откако те нагмечиле в затвор почнуваш да се лажеш себеси и да се тешиш слободен сум јас, мили луѓе.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
За разлика од оние другите, од родот на грабливците, (орлите, соколите, сојките, ветрушките, бувовите, утките, чавките, страчките) па оние од родот на полските (еребиците, дивите кокошки, дропките, тресопатките, потполошките, белоперките, чурлините, чучурлигите, полските врпчиња, дивите гулаби) па оние од родот на шумските, (кукавиците, пупунците, чукајдрвците) па и оние, слаткопојните, (славеите, трнарчињата, сколовранците, гугутките, сипките и другите) кои ги има плипотници.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Додека дивечот, (волците, мечките, лисиците, зајаците, јазовците, ласиците, смрдулките и куните) зашто нема кој да го прогонува и лови, се намножи до загрижување, преку цел ден и преку цела ноќ, страв да те фати, слушаш како тулилка, завива, кашла и си ги секне грлата во гората и во полето, птиците, пак, си мисли на барските, (чапјите, норците, галебите, пеликаните, кормораните, дивите пајки и дивите гуски; штрковите следејќи ги старите навики и стариот инстинкт, сѐ уште ѝ се верни на Потковицата, населбата на Станкоски Рид готово ја претворија во колонија на штркови: на покривот на секоја куќа, на оџакот на секоја напуштена куќа, има направено седело од штрк по мелиорацијата на мртвиците и Блатото, сосема, сосема, се изгубија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И како се снаоѓате со млади бунтовници, стари љубовници, Мерисол, Касандра, Касандра ниеден човек не те фати?
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Не остаила време да врвит зависливата наштеа, ама во втората вечер беше ја зготвила ќерка је и беше ја испратила велејќи вака: „Ај ќерко, ќе те поиспратам до кај чешма да појдиш - и рекла, - за да залеиш вода и да те бла(г)осоат месеците, да вадиш и ти алт'ни како онаа кучка присестра ти што вадит.“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Го испратиле и тој тргнал.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Кажи ми, оти сега ако те фатам, дури не те облеит студена пот, не те пуштам!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Кога ќе те фатам со обете раце, да кога ќе те биам, биам, ем с¯ до плеќите од жената ми.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
А тебе кога ќе те фатам, жив ќе те спалам во огин.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Тије му раскажале, оти као нејќит да глеат греој кај му умираат децата од глад, се сторил каил да умрит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ноќта кај два - три саатот, дошол богатијот со една ластегарка, го открил, му удрил неколку по плеќи и саноќ го терал да 'и пренесуат камењето од гробот, од еднијот крај на гробиштата до другијот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Боси сме, голи, нема ни куче кај да те фати, кај да те касне.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тука си, најпосле! Најпосле јас онака, те фатив за јаката! Ми треба твојов шинел!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кутрото значајно лице само што не умрело.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нема кој да те фати за рака и да те води кон вистинскиот пат на животот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Многу те колнев, доста е една од клетвите да те фати...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
- Леме, збогум, со здравје оди си, ама немој вака-така да си говорел некаде, оти лебот ќе те фати, Леме, зашто како мое дете сум те имала, тоа да го знаеш!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Потоа веднаш ќе си заминам за Струмица.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Отидов пак во штабот, а тие ми рекоа: Никако со коњ да не одиш, не може, колку курири ни загинаа од балистите, ќе те фатат сигурно.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Најдобро беше да се самоубиеш пред да те фатат. Некои луѓе без сомнение така правеа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Внимавај да не те фати суетата, велеше на едно место султанот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
3. АМИ ЕДНА СТАВА ШТО ИМА, АЈ МИ СИ ОДИ - оди си, значи, во небрано лозје да те фатат, па штом полјак те улови средсело да те води да не знаеш ни роденденот на која ти е дата...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
12. ТЕ ФАТИ ЛИ ЛОШ ЧОВЕК ЗА ПОЛА - ти сечи ја, остај му ја в рака, макар потоа да останеш и гола бар не ќе си за таква врата квака...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Па дури и уплав да те фати како ќе се вратиш со кајчето... замолча дедо Петре загледан кон Езерото - од час на час миговно ќе болсне рипче и пак ќе се нурне во стишените води.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Незнам зошто, но, мислев дека кога ќе дојде тој момент…, едноставно така ќе ти се слоши, ќе те фати срце… и така некако, но дека брзо ќе се случи, од нозе, за момент…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Да, можеби понекогаш кај луѓето предизвикуваше внимание со твојата истоштеност, но јас, која те гледав секој ден, бев навикната на тој твој лик и знаев дека правиш падни-стани, ќе те фати слабост, изнемоштеност, но потоа пак ќе се подигнеш - како некој феникс.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
А јас пак сакав да те подготвам тебе, се плашев, дека тебе ќе те фати хистерија.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Грев ќе те фати!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Еј, море, еј, сираку! Да не те фати бељата, та по десет и петнаесет лири се купува една вдовица, само Доста не сака да го голи човекот, та и дваесет и пет да беше рекла ќе ја тепаше главата Илко; од душа, од гуша — ќе ги отбереше Затоа тој кога киниса од дома си зеде осум лири, две франги, петшест бели меџудии и нешто ситна пара.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
3. Уште од првото сонување научив Дека доселениците всушност Натрапнички им влегуваат во соништата на староседелците И дека со несечените нокти им ги дупчат на староседелците Мешините полни со резервни соништа Па откако ќе ги обесонеа лесно им ја крадеа земјата И во древната абориџинска црвеница Садеа цели плантажи со нови соништа И тогаш јас разбрав дека има и престорени соништа Престорени и превоспитани соништа Оти првите доселеници беа дојдени по казна Како историска претходница на гулазите Само што нив тука немаше кој да ги тормози И севезден да ги потсетува дека се престапници испратени на издржување на казната Туку баш напротив престапниците почнаа Да ги тормозат староседелците и да им ги дупчат соништата Оттогаш коалите со сите расположиви средства Си ги вардат соништата од натрапници со несечени нокти И си го бранат вековното право На дваесетчасовен сон во едно деноноќие Оттогаш сите ги предупредуваме Да не остават на раат да си го досонуваме сонот И на секој еукалиптус закачуваме парола Кој сонува зло не мисли А се подразбира дека кој многу сонува Кога да е ќе го довстаса јавето И ќе окапе од визити на нервни доктори Па тогаш ќе си ги мериме соништата И ќе ја утврдуваме нивната историска тежина или леснина Тогаш сетики уште ќе има бумеранзи Оти историјата без вратки не ја бидува Што се покажа и во соништата од петокраки Макар што никому се уште не му е јасно Кој и како ќе им ги врати на Абориџините Старите продупчени соништа Оти никој се уште не измислил лепило За продупчени мешини со резерни соништа Штоако сега школски авиончиња Влечат на опашките натписи Sorry како што се влечат реклами за кока кола или нешто такво Sorry sorry ама се знае ли што досега се стори И ако сте љубители на рими знаете ли каков оган гори Во продупчените соништа на староседелците На кои денес лефтерно им велат Sorry Како кога некој не сакајќи да им ги згазнал стопалата Во турканиците пред влезот на Олимпискиот стадион во Сиднеј Или на пазарот близу пристаништето Ако се погодите таму на пазарен ден баш во сабота Како на секој пазар и овде под тезга се продаваат разни нешта Па можете да си купите разни збирки соништа Стари и нови соништа староседелски и дојденски соништа Од такви соништа се учи Дека ако нижиш бисери ќе плачеш Колку повеќе бисери во соништата толку повеќе солзи на јаве Од такви соништа се учи Дека ако најдеш алтани во твоите чевли Ќе отпатуваш надалеку дури до новиот и отаде новиот свет А пак ако таму во новиот ти свет Се бакнуваш на сон со некого уста со уста Ќе те фати ревма а богами и потешки болештини Ако си машко и ако се бакнуваш со машко уста со уста Баш како што се бакнуваше еден од наследниците на Ленин Пу пу скраја да е Џабе ти тогаш и соррѕ и се стори џабе ти и цела сурија нервни доктори.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
„Не ти е жал што си згрешил, жал ти е што сме те фатиле“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Треќе, те фатат ли да возиш цврцнат, си наебал за навек.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Цветан Горски, сркна од кафето, се напи од водата, чувствувајќи го нетрпението на Татко и прозборе: - Е, драг пријателе, како што започнаа, страв да те фати!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Немој, бре чедо, не оди по умиштата од тие другари; слушај ме, синко, јас што те учам и мајка ти, оти ќе те фати некоја клетва од нас, бре синче Силјане!
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Неколку пати нагласи како ѝ е многу драго дека сум бил во редакцијата: фала му на Господа, тука си, те фатив!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Земи фати некоја работа, лошо не те фатило да не те фати!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Со туѓ чемер, чемер да те фати...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И ги гледаш, кутрите, мои борци, жал да те фати...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Е, тоа де, шо има понатаму - радосно извика дедо - тука те фатив шо има понатаму - се подбиваше дедо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Знаеш како е, да те фати виулица со снег на некоја пресека, може здивот да ти го пресече со врела вода и котелот со бакамот го стави да кисне додека не пожолте како масло.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Па, опасачот, матарката. Така наоблечен не можам ни да те фатам, - рече Љаке.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Сега ти ќе измрдуваш колку што можеш, ама кај да е нешто ќе поткажеш, ако не за друго да те остават да се вратиш да поспиеш и тие на тоа ќе те фатат нешто да им поткажеш.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се прибојуваш да не те фати некој за нога и да направи узбуна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Те фатила маката и мораш и тоа да го научиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие денови училиштето ти било најважно од сѐ, нели? - Да, така беше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Можат да те фатат неспремен баш кога најмалку очекуваш. - Не треба да се правдаш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)