те (зам.) - учи (гл.)

Тоа те учат во школо.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Така ли те учи твојот здрав народен дух, Луцијо?!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ДЕПА: Слушај постари што те учат и прави, не прашувај.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
На многу учтивост ми те учат таму на Чедвик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прогледај, поучен си, да светиш, созреан си, посложен си од фосфорот кој знае да свети ладно, зошто не е вичен да свети со топлина како тебе, како што те учеа од мал.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Знаеш, среќо моја, те учев дека зад восхитот на освоениот врв, планината често знае да се претвори во ѕверка подготвена да го земе својот данок. Тоа ме плаши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Персијскиот цар му прати на цар Александар, му вика: „Царје, ти честитам сега на теб, оти ти си цар на местото на татко ти и ти располагаш со твојот народ и затоа да станиш да дојдиш да те учам како да станиш цар“.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Најпосле, чедо, не знам друго што да ти речам и да те учам од колку што сум чул од татка и Бог да ми ги прости.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој многу пати велеше: кој ојт од кол на кол, коло ... ќе му се пикне.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Каде дојде у годинте му праќа назад.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Толку знам сега, Силјане, толку ти велам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Слушај ме, синко, јас што те учам и мајка ти, оти ќе те вати некоја клетва од нас, бре синче Силјане!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ти синко, не ме слушаш за ова што те учам сега; арно, ама ќе дојди саатот што мојве зборои сѐ по глаа ќе те удрат и тогај ќе поверуаш; арно, ама што рекол некој: ќе ти дојдит умот, ама ќе ти појдит кумот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Веруј, синко, оти секој син и ќерка што не слушале татко и мајка големо наказание од бога добиле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ко цар Александар дојде на 20 години фаќа му вика: „Ајде да се спремаш за војна!“ Цар Александар му вика.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Дека многу те милуам, синко Силјане, та затоа ти ја прикажуам оваа приказничка, да се освестиш и да се остаиш од овие лоши другари што те учат на лошо, оти можи Господ да те стори со секакви лошотии.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Чекај, Капинко, велам, не предавај се! Есенва ќе те учам да предеш и да везеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама отсега Алах ќе те учи како да живееш, и толку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Алах те учи како да зборуваш, или си со ихтиза мене да ми замачкаш очи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Слушај го даскалот шо ќе те учи, побрго да научиш да пишуваш, ако сакаш да везиш нови кошули.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шо ти требе, кажи ми да ти пригода, а ти работи како те учи господ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти, синко, не ме слушаш за ова што те учам сега; арно ама ќе дојде саатот, што моиве зборови се по глава ќе те удрат и тогај ќе поверуваш; арно ама што рекол некој: ќе ти дојде умот, ама ќе ти појде кумот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Најпосле, чедо, не знам друго што да ти речам и да те учам отколку што сум чул од татка ми, Бог да ми го прости.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дека многу те милувам, синко Силјане, та затоа ти ја прикажувам оваа приказничка, да се свестиш и да се оставиш од тие лоши другари што те учат на лошо оти може Господ да те стори со секакви лошотии.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Немој, бре чедо, не оди по умиштата од тие другари; слушај ме, синко, јас што те учам и мајка ти, оти ќе те фати некоја клетва од нас, бре синче Силјане!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
БОРИС: Еве јас те учам. МАТЕЈ: Арно ти текна. Кај беше досега? Ти ме мачиш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Добро те учи мајка ти - му рече дедо на татко. – Ќе зборве и ќе пее и зошто да не?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се сеќаваш како те учев да го тркалаш под стапалото - исто како да е сукало и како да месиш кори.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го проба ли тоа?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ајде, покажи ми.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се сеќаваш?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ти месиш ли, Џојс?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го памтиш ли ова.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се сеќаваш ли како те учев да го вденуваш конецот?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само фино и стабилно тркалај го под стапалото.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)