Дали човекот... не, дали ти пиеше зошто си несреќен? Или крчмите те сторија несреќен? Или гладиолите и маслиновите стебла во паркот? Кажи човеку.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И не бери гајле, пак јас ќе те однесам и ќе те донесам и пак човек ќе те сторам; арно беше сега да не го окршиш шишето, ама откога ќе се стори едно лошо, не се враќа лесно.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Дека многу те милувам, синко Силјане, та затоа ти ја прикажувам оваа приказничка, да се свестиш и да се оставиш од тие лоши другари што те учат на лошо оти може Господ да те стори со секакви лошотии.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Едниот се викал Борис Калпак, другиот Наџак-Јанко, обајцата настрвени и со крвави раце од она што пред тоа било и злосторство и одмазда.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Бездруго, рекол првиот. - Пепелта на човекот е пак тој самиот, пепел. - Кога ќе те сторам пепел, пак биди тоа што си сега, рекол вториот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најпосле, чедо, не знам друго што да ти речам и да те учам од колку што сум чул од татка и Бог да ми ги прости.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Дека многу те милуам, синко Силјане, та затоа ти ја прикажуам оваа приказничка, да се освестиш и да се остаиш од овие лоши другари што те учат на лошо, оти можи Господ да те стори со секакви лошотии.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Сакав да те сторам нешто повеќе од еден Нероден Петко.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Му реков: „Само малку повеќе да си бил настојчив, финиот капетан Живкович можел и со ордонанс да те стори.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ме чуди дека си испуштил една таква убава прилика.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)