те (зам.) - следи (гл.)

Биди горд на она што мина, не оставај никој зад себе што вреди, таков човек секогаш верен ќе ти биде, такво чувство се сретнува ретко, праведен биди, како сенка ќе те следи.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Биди ми сѐ како што јас сум за тебе сенка која ќе те следи и во мракот.. Зошто едноставно Ти си Ти...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тоа беше една од оние слики кои се направени така што очите те следат кога се движиш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или дека кремата „Бекутан“ лечи жуљеви, маасил, кожни венерични... и е малку скапа, од што дури од Турција ја носиш (а внатре во тегличето, „Кристал“ маргарин) ама само да го допреш на задникот со мрсни раце има како кутре да те следи и кај сакаш и кај што е непожелен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Одамна те следат? Мислам тука ти имаш цел гардиски центар... зарем никогаш не ти ја претресувале куќата? - Не никогаш. По тоа прашање си спијам раат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Твојот хороскоп вели дека тебе те следи среќа, човеку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Градиш колективно разбирање и чувство на солидарност кај оние што те следат во истовремената потрага по општествен презир и во пркосот против него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе те следи додека си жив, се сетил за зборовите на дамкавата Фиданка Кукникова на работ на лесновската шума.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кришум, додека луѓето се собирале да го определат местото за гроб, Лозан Перуника се стрчнал со намера да ја спречи девојката да се доближи и да ја открие неговата тајна, ноќните грчења и возбуди од кои до зелените мугри на пролетта крвта му се испарувала низ облеката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За да ти покажам дека моите најискрени и најверни желби ќе те следат, ти ја оставам оваа книга (прирачник), но која верувам дека ќе ти биде полезна за да извршиш еден вид проверка на твоите големи знаења што ги имаш за мојата земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оди си по патот што си го одбрала, јас ќе те следам ќе те пратам, јас друг пат одбрав од каде нема враќање, а ковертот ти го испратив, полн чувај го за спомен СПОМЕН ОД МИНАТОТО!...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
ИВАН: Те следи?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)