те (зам.) - прогласи (гл.)

За пиесата, уште може да се каже дека е апологија на верувањето: на Балканот, ако не те прогласат за мртов - не стигаш никаде.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Можеби беше подобро да те прогласат за југенд отколку за модерен педер.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А јас баш мислев да те прогласам за ударник.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Јас немам такви амбиции, но немам ниту намера да исчекорам од мојот став дека кај нас, ако не те прогласат за мртов, не стигаш никаде.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)