те (зам.) - притиска (гл.)

Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
„Ако имаш нешто неискажано, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина тишината сама ќе го рече“.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
– Тука Хорацио стана од клупата, се загледа кон ситната силуета на гусакот и почна: Ако имаш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Цело поле е некако пристемнето, омарничаво, и сѐ некои дипли, дипли запурнина се наднесуваат над тебе и те притискаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)