те (зам.) - познава (гл.)

— Еве како: ти си Прочуен војвода, те познаваат и ти веруваат селаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе и учиш селаните да стапуваат во организациата, да си прибираат оружје, да и пазат луѓето шо ќе идат кај ниј, да не жалаат оти ќе дадат парче леб на такви луѓе и; шо е најглавно, да се спремаат за големиот ден кога ќе му се каже да се дигнат сете како еден во оружана борба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нашиот свет го скрши на милион ситни парчиња кои се распрскаа низ суровата тишина и засекогаш исчезна во длабочините на времето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А, сега си само странец пред мојата врата, туѓинец за оваа душа која не те познава.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако навистина е тенџере, мора да е без капак за да може секој да ѕирне внатре, да погледне, да направи анализа, да донесе заклучок, па и да проба малку од твојот живот за да може да го преслика, таму некаде, на кафе со некој кој ниту те знае, ниту те познава.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ја познавам мојата Тодора, а тоа што таа тебе не те познава, само ме радува повеќе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Не те познавам, велам, ништо не познавам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај да те познавам, вели, со таква глава?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– „Море, од кај те познаваа, бре Силјане, што те честија,“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Но, тие уште не те познаваат... Тоа Марија не ја охрабри.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ЈАКОВ: Јаков. БОЖО: Кој Јаков? ЈАКОВ: Уметникот. БОЖО: Каков уметник? ЈАКОВ: Тотален. БОЖО: Не те познавам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Дали сум јас хи-фи? МИРА: Хај-фај. БОРИС: Дали сум? МИРА: Не те познавам. БОРИС: Не се гледа на прв поглед?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тој воопшто не те познава” потстана, дојде до неа и почна да ѝ ја мазни косата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„А во кого ќе се вљубиш сега” следуваше сериозната зачуденост што можеби најјасно ја отсликуваше нивната загриженост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пандалф Вулкански ПРИЗРАК ПРОТИВ СЕНКА ПРИЗРАК ПРОТИВ СЕНКА Првото издание на книгата Призрак против Сенка беше отпечатено, во едно типично Темплум-издание, во 200 примероци.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Или на оние што не те познаваат, на целата таа неиздиферен­цирана маса вон корициве, нешто ко епитаф, секое медиско експонирање е ко мала смрт, некој чуден оргазам на некакви Матрјошки во тебе, некое далечно ехо, така ли, потпиши се во книгата на впечатоци на овој сеизмограф, драга моја, и ти благодарам. 84 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Само така твоето грдо однесување може да се закити со благородност, и со некаква чест барем за оние што не те познаваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)