Умира и се менува со нов, ни тој не може да му одолее на летниот валцер... ен два три...ја загнездил мама во себе и танцуваат, танцуваат...ен два три...ен два три...како е можно да не те повлече таа неумолива, таа безгрижна вртелешка...ен два три... нашето страдање е и радост и ново раѓање...ен два три...смеата нека е смела и брза – повеќе да дава помалку да чува...ен два три... зборовите сакати се, мислите немоќни се губат – кога сме плен на тонот снен...ен два три...ен два три...моите бледолики родители меѓу исончаните мускули на танцувачите меѓу црвените жици на решетките...ен два три...ен два три...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Би сакал да те повлече, но - загубени сме.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ритон, не би сакал тие да те повлечат.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Умееше да ти се умилкува, да те задева и да те повлекува сè додека не го добие она што го сакаше, знаејќи дека навистина не мислеле да го казнат и дека лутината во гласот била лажна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И тебе ќе те повлечам! Крај. ...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Изгледа те повлече вителот на сериозноста, од кој сакам безуспешно да избегам.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Да успеам таму и да те повлечам и тебе.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Можеби и не е највистинито да го спомнувам тоа, но јас постојано си замислував дека Аксја те повлече по себе.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Смеј се, смеј!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Не дозволувај му да те повлече за јазикот“, беше одлучила кога ѝ јави дека доаѓа за да си го земе костимот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Таман мислиш си избегал од една мака, друга те повлекла.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)