Ја мразеше затоа што беше млада и згодна и несексуална, затоа што тој сакаше да појде со неа в постела а никогаш нема да го стори тоа, затоа што околу нејзината слатка тенка половина, која како да те повикува да ја опфатиш со рака, се наоѓаше само оној одвратен црвен појас, тој агресивен симбол на невиност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
(напати ти се привидуваат
пештерните манастири околу
Белото, лихт луминозно езеро
- она понасевер од Делфи
и од Костур -
светилиште само по себе
облиено со внатрешен сјај
од белки на монахинка
среде коишто, во драматичен контраст
се вовира зеницата, духовниот рез);
- многу мислиш, а малку искажуваш
јазикот за тебе поскоро е молвење
од разговор, сѐ е ВНАТРЕ
и ти, и Тој, и исказанието
и дослухот меѓу вас
и предметот дури се вовлекува
во тој, невидлив за другите, Круг;
- и повеќе не правиш разлика
меѓу искреноста и вистината
со денови се повлекуваш во себе
секнуваш, понираш, остинуваш
стаписан, онемен, оти си согледал:
не е лесно да се биде искрен!;
- и повеќе не е битно дали нешто
те повикува без престан
да му припаднеш, сестро Варваро
или просто посакуваш
од дното на душата
од нејзината небесна бездна
да постоиш блажено
во согласје со себеси
и навистина повеќе ништо
друго не е суштествено
освен:
да ја бараш сопствената сенка
сѐ додека не си соѕидаш самица
а во неа си - Лице без сенка:
м-о-н-а-х!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ми мавташ (на помош или за разделба?) додека Таа по име те повикува, по рамо нежно те потчукнува Велиш: „Не се плаши - не се плашам, Таа само еднаш вака доаѓа...“ 2 август 2000
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)