Господ да ми те поведе на вистинскиот пат! Виделина мракот да ти се стори.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нѐ освести зората, нестрплива и гласна (сигурно и таа изгубила нерви) те фати под рака и одлучно те поведе оставајќи ми ги истутканите дипли на улицата, тешки, наводенети од вчерашното водопролитие. Таа знаеше што прави со рацете.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Ќе те поведам во светот на магијата, ќе ти раскажувам приказни за грбавиот гусар и за руската кнегиња, за љубовта на прв поглед и за љубовта на која не ѝ треба поглед, за глумицата чие име веќе го споменав во две-три мои дамнешни полупесни.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
-Можев и самата да се одвлечкам до тоа место, но кому ќе му покажев каде да копа ако не те поведев?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Инаку, може да те поведе во погрешна насока.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Особено кога ќе поверуваш и самиот дека не станува збор само за игра.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Малку потоа, веројатно за да ми се приближи, додаде како да се шегува: -А можеби ми се посакало уште еднаш да прошетаме.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќе те поведев и ќе те доведев во домот на мајка ми: ти би ме учел, а јас би те поела со зачинето вино и сок од калинки.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа книга ја отворав само кога брат ми не беше блиску до мене; од неа тој имаше читано само куси делови и велеше дека е полна со заблуди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не се срамам од тоа дека помислив во еден момент оти сепак Аксја е таа жена што ќе те поведе.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Глупоста, а кој друг“, вели тој и самиот изненаден од решението што го донел.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Знаеше да те поведе и онаму каде што размислите никогаш не те воделе.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„А кој те поведе на тој пат, руски човече“, го прашувам јас.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Или дека веќе те води, во што навистина верував!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)