Ќе те очекува зад некој агол, ќе ти дојде на сон, ќе ја препознаеш во некој глас, допир, бакнеж...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Од тебе зависи кој пат ќе го избереш!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И да се вратиш, и таму ќе те очекува мисија, како што може да се случи и да останеш во Цариград.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Ее! Супер! Тоа е уште подобра идеја. Со Саво со нетрпение те очекуваме! За деталите уште еднаш ќе се договориме. ***
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ќе мислиш само на ангелите и на нечестивиот кој не ќе го гледаш, а ќе чувствуваш оти некаде крај тебе е, те следи, те ваби и очекува да ја изгубиш рамнотежата и да се струполиш прудолу, кај што те очекуваат поткажувачите и оние кои ти завидуваат на небесниот пат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Рада, моливот и листот в рака додека да проработе „чудовиштето“, а ние, во име на љубофффффта кон твоите приказни, ќе се стрпиме и ќе те очекуваме со нови приказни.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Не те очекував“, му рече. „Мислев - никогаш повеќе...“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Не ме очекуваше. Мислиш - пијан сум.“ „Не те очекував. Не мислам.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога ќе го сретнеш?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Каде те очекува тој?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
1. Во секое враќање има нешто возбудливо - било да го очекуваш очекуваното, било да те очекува неочекуваното
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Немаше време за многу зборови. Арафат долго ме држеше за рака додека му објаснив дека сум сега амбасадор на Република Македонија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кратко ми рече: Дојди во Палестина, те очекуваме.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Доцнењето ти служи како вага, за да можеш да го измериш немирот кај оној што те очекува!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Увидуваш ли веќе која си и со каков дар те очекува разиграниот свет пред тебе!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Во мене го селам
на душите препевот
на претците гревот
и кога те напуштам
и кога те очекувам
како мугра лелекам
и не преболувам
само меѓу луѓето
да ме распознаваш...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)