те (зам.) - опседне (гл.)

Така е и со тагата. Тагата можеш да ја почувствуваш само кога ти е блиску до срцето, кога ѝ дозволиш да те опседне.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Признанието те опседнува како длабок порив на човечката природа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Нека те опседнуваат определени емотивни состојби, особено кога се во полето на преминот, а не ликовите - карактери со предвидлив радиус на дејство.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, нејсе, тоа е друго прашање. Остави ги лажните идеи кои те опседнуваат, космополитизмот, на пример.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)