— Е море, си ода, бацко Толе, си ода, бре, млада су, ми се сака да носа, да јада локумчиња, шиќерчиња? — му одговори таа слободно и му намигна со левото око. — Зар тебе не ти се каснуа пиленце?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ти, Марије, си одиш со Мушона, а? Змија лута ќе те клукне, ќе те обеса на сретсело, да знајш? — ја судеше еден ден Толе во Бзовиќ дваесеттодишната убава чупа Марија Милетова од Старавина, за која разбра дека му се подала на Мушон Евреинот што држеше дуќан во Старавина за некакви си прстенчиња, грлувчиња, мониста и други ѕрнѕурки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Слепче, ќе те обесат ако не знаеш да се браниш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Нели е така, брате Никола? - Но ние мислевме дека овој Онисифор фрлил оган врз кутриот Арсо, со полна уста побрзал Никола Влашки наведнат над склопец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Затоа ме ловевте, сакавте мене да ме бесите. - И ќе те обесеа ако те најдеа тие што те ловеа, рекол Никифор Ганевски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ќе те обесат, абдалиште. Кажи дека не си виновен, дека Онисифор Мечкојад сака да се извлече со тебе.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе те обеси на првото дрво со главата удолу, сè додека не ја повратиш последната капка черешновица.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тогаш глупавиот Методија со тешката чизма му згази на вратот и му рече: - Абе оште ше пееш, ше те обесам! - и ни пет ни шест, зеде едно јаже и го фрли на таванот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Бездруго ќе те обесат. - Зошто? - ме штрекна нешто.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)