Не знаеш што ќе те начека и што ќе те снајде на првиот свиок.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
- Те начекав на тазе боза.
- Кај чичко Лазе сѐ е тазе. - Азис сакаше да го викаат Лазе, па така и сам се викаше.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А едно жешко време беше згазило: еден припек те удира озгора, а друг те начекува оздола.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Луѓето, кога ќе те начекаат на тесно, гледаат сè да ти купат под реалната цена.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
За да се извади албум требаше да се потроши време, труд, нерви и многу пари за откако сам ќе го издадеш да те начека џандар на улица и со само една казна за неносење каиш да ти отиде целата заработка од албумот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)