Само не разбирам зошто, кога разговарате за тие нешта, тато те нарекува феминистка и Ерика Јонг. Што е тоа?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
И Френк те сака. Понекогаш јас бев избувлива и те нарекував глупак во нивно присуство.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Здив
Ух, ухни, воздивни, гукни, така се раѓа Зборот
кога влегуваш во телото на новороденчето
со првиот плач, единствениот
на којшто му се радуваме
- па те нарекуваме Живот
кога се враќаш онаму
кајшто човечка нога не стапнува
- па те нарекуваме Душа
напатена како вечност
кога копнееш, до последен здив
по белата пена во којашто се топиш
од сласт, и исчезнуваш
Ух, ухни вдахновено, така се раѓа Песната!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)