те (зам.) - намести (гл.)

- Облечи ме сега, вели Здравко, облечи ме и намести ме. - А за кај да те наместам, сине златен, му велам, и почнува вода да ми шопа од очиве.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По паузата, инструкторот ја расклопи и ја склопи пушката, а посебно а внимание обрна на отворачот, притоа велејќи: - Сите треба да запамтите дека ако не знаеш сам да ја растуриш и да ја наместиш пушката и нејзините делови, особено отворачот, тогаш некој друг, а тој може да биде само непријателот, ќе те растури, ќе те намести. Разбра?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)