те (зам.) - милува (гл.)

Ама помина ли со прачката по жиците, - како со рака да те милува, ти копа по срцето, по душата, наткрева сè во тебе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога Карло раскажува, тоа е како да те милува убава жена: топло, меко, тивко, заводливо...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ќе беше збунета. А кога вечерта и трепкавите светулки ќе ни појдеа пресрет, ќе ја прашав - те милувале ли досега помускулести раце.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од нежност, како во постела од рози, ќе бидеш послана како најнежен трендафил... а тој само ќе те милува со поглед, до таму што ќе те расчеречи божем си печена кокошка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
СИМКА: (Со насмевка). Од црква идам, Костадине. Бев пред света Пречиста... да ја дарувам... (Срамежливо). Костадине, денес многу, многу те милувам...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: (Се тргнува). Мајка иде!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: (Не се сеќава веднаш на што мисли Симка). И јас те милувам, Симке!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
БОЖАНА: (Се враќа од црква, облечена во празнична црнина). Слатките пилци на мајка!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тогаш од неговоте очи избиваше топлина. Ти се чини - сончев зрак те милува.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
– „Силјане, му рекол Аџијата, при сѐ што те милувам многу, атер нема да ти остане, нема да седиш во моево седело, ами ќе си седиш на другиот крај на куќата, чунки нам ни е седелото домаќинска постела.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дека многу те милувам, синко Силјане, та затоа ти ја прикажувам оваа приказничка, да се свестиш и да се оставиш од тие лоши другари што те учат на лошо оти може Господ да те стори со секакви лошотии.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Те милувам по глуждот: - Каде? – прашувам глупо. – не можам да останам повеќе.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Излези во мугрите, излези во ранина На висока, скалиста, снеговита планина, по лицето, снагата ветрот да те милува, мисла ненаслутена в умот да раскрилува.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Со прстите еве, и те милувам. Еј, прстите се патниците кои никогаш нема да се преморат додека патуваат по нашите тела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Би сакала да сум цвеќе, и во милувки да те галам да бидам ноќна птица, и кога телото твое жар ќе жари ко змија со јазикот оштро, да пијам сок од твоите жили, и така в бессоница, да те милувам тебе мојот најсакан цвет, што рози и ме мори...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ти се чини - сончев зрак те милува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)