те (зам.) - мачи (гл.)

Еве има веќе две години како ми е страв да отидам на забар.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Доволно е да го почувствувам неговиот прст во мојата уста и веднаш да се исповраќам. (Вилушката ја забодува во подебело парче месо) Краста: Значи тебе во собата 101 ќе те мачат со давење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ја видов пред три дена и изгледаше одлично, проклета да е!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бабата: Што толку те мачи таа Грета?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие знаеле дека: ако Бог те сака те мачи, те искушува, ти дава страдание за да те прочисти, да те поготви на духовен раст. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но ме мачи длабока замисленост на човекот, ми буди длабоко сочувство и го прашувам: - Што ти е? Што те мачи? – му велам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А потоа додаде: „Знам, дека те мачи“, рече, „крајот на животот на Никола Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Маката што те мачи пак ќе се врати и пак ќе те зароби темното кое низ грчеви сака да се породи во светлина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вториот проект во план е перформанс на Дојранско езеро, некако да се обележи тоа исчезнување, таа игра на простор и непростор... Дали те мачи проблемот, што јас некако го согледувам, дека твојата креација страда од она што Авицена го нарекува не-гледање?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Нека не те мачи совеста ако почека малку сопственикот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И сè ти тежи и те мачи и умот и срцето, сè.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Каква мака ми те мачи, леле Радо клето срце, дал’ за мајка ел’ за татка, Радо леле, ти заплака?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Мајката, си мислам, што му стана, голема фатка имаше во работата. - Ти, Мирче, нешто си непара арен, му велам еднаш. Нешто си невеласен или нешто те мачи, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ме мачи несоницата, вели Мирче и ме мачи... не е за кажување, вели. - Ако кажеш може не ќе те мачи, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Раскажи ни за твојата иднина, за она што те мачи.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ме жалиш ли? Те мачат писмата што ти ги оставив, сликите...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Па таа и во гробот ќе ти тежи, му велат, зашто не остави потомство да ја продолжи лозата; те мачи тоа, велиш, и постојано мислиш на нас: ги вртиш сликите, се потсетуваш и живееш со нас, со спомените, со минатото; го враќаш и оживуваш времето изгубено; тоа ти ја храни душата, велиш; ти ја исполнува празнината и те брани од самотијата; се чувствуваш како спасен давеник на самотен остров обграден само со минато; се храниш со него, зашто друго и немаш; го виде светот, виде и жени, зашто овде немаше можност: се жени мошне млад пред да знаеш што е жена...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И не биди смешен со играта на песокот и водата, кога, алхемичару, те мачи хемијата на една љубов. Гледај...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во амбис, сакаше да те фрли, но прво да те мачи...
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Попот Никола од Ралин Панта маалото, ја праша Тодора: „Што мака те мачи, ќерко, та што си се кренала дури кај мене?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Се шегуваш ли? “ праша. „Те мачи ли здодевност?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе бев ли сѐ? Немаше ли да те мачи пак она што те мачеше - жед и досада?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Смири се и кажи ми што те мачи. Или да погодувам?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Татко! - Сине, каква мисла те мачи?! - Мислата на заминувањето!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Кажи брате, каква мака те мачи, да ги оставиме настрана изминатите маки?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зошто да те мачат?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Зошто си толку таинствена - прашав - што те мачи?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ајде, доизречи се, кажи што те мачи – воскликна жената за која сериозно сметав но истовремено и сѐ повеќе се сомневав дека е тетка Боса. – Не смееме да оставаме да нè подјадува сомнението.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спомна дека ја измачува проблемот на воздржливоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Почнав да се оџарувам околу себе. Всушност бев забележал дека го нема Бушавиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
КУРТА: Кажи му на Курта што те мачи!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Што ли те мачи та се будиш да ја читаш онаа песна, о, Озирис? о, Озирис?
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
СУЛТАНА: Кој си ти? АНГЕЛЕ: Пушти. СУЛТАНА: Што те мачи? АНГЕЛЕ: Ти си вештерка.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Прашувај, ако знаеме ќе ти кажеме. Да чујам што те мачи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сѐ што ќе те мачи, споделувај го со мене и со мајка ти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Те подлажува и те мачи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако ги оставиш сами, можат да ти се налутат и цел живот да те мачат, да не те пуштаат да заспиеш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)