те (зам.) - има (гл.)

Можеби ќе треба да му бидеш благодарен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дики: Значи те имам, кукличке! Но и 50 илјади не се малку!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Втора работа што јас требаше да ја направам е да му дадам на Ерик лекција што ја давам на секоја суперѕвезда кога ќе осетам дека станува премногу зависна од мене и од моите пари.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Слушај, Ерик, му реков, млад си, добро изгледаш и луѓето сакаат да те имаат покрај себе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Гронинг: Во 60-те имаше многу празни ветувања за прогресивната едукација, но вистинската слика беше оваа: поголемиот дел од колеџите беа или додатоци на големите универзитети или беа сместени во нечија приватна куќа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Но, за наша среќа, Татко те има тебе...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
За среќа, тој те има тебе, Мајко...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не зборувам за тебе Те имам заборавено на друго место Во друг час Но таму животот зависеше од ковачите На соништата А ним никој не им посвети ни шугава песна.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Имам за што да ми е жал и зошто да му блазевам на тој што ќе те има.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Абе, ти ко да фрли камен на нас? Те нема, те нема, и пак те нема, а кога те има врвиш ко покрај турски гробишта.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ги отвори очите и речиси на глас прошепоте: „Помогни ми Господе, ако те има!“
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па, јас да те имав прочитано, каде ќе ми беше крајот?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А ти ниту ајдутин стана па човек да ти носи торба со леб во орманот, ниту на Имотот те има за да си ја гледаш работата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Својата смрдеа те уверува дека низ цела куќа те има, дека не си само кај што си.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секаде и секогаш те има во душата, под кожата, на трепките, секаде си околу мене ми даваш сила да одам по месечевата патека послана на морето од љубов....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ти ја посветувам првата пропуштена трага од сон. Те има во мене.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Така јас, и пред да те видам те имав во мене... твоето постоење дишеше во мене...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Јас ја наведнав малку главата и му реков: Тате, ја варев леќата а многу чадеше и затоа. – Немој да лажеш, нешто те има каснато!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Те имав и тебе. Сите вие бевте други луѓе, а Јани ве заменуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мислам дека одамна не те имав видено толку весел.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Заврши нашиот одмор, ти продолжи со твоите обврски и се трудеше секаде да те има.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А не беше, но се трудеше да живееш нормално, секаде да те има, а тие што се со тебе да мислат дека е сѐ во ред, да не ги оптоваруваш со твојата болест.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Милувам, да си како бел цвет, како бел каранфил! Само на срце да те носам! Само на уста да те имам!... (Ја прегрнува).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не е ред веќе да се видуваме... Свршена сум...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Некои додуше само културно ќе се заблагодарат што си им се јавил, некои ќе ти напомнат дека ќе те имаат на ум кога ќе им затреба, а некои велат дека баш пред недела дена сум им требал и штета што не ми текнало тогаш да им се обратам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„А те имав приклештено.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Што ли ќе си помисли кога ќе те има в раце?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не покажувај со прст во градот којшто те имал.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Веројатно нешто те имаат навредено? - Да. - Многу ли? - Да.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кавгите не престануваа сè до оној ден кога се случи да те имаат тебе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога те имав тебе мислев дека го имам целиот свет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но човечката душа се навикнува на се.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Одамна те имав забележано од кола“, подоцна, не многу подоцна на Еда му рече Германија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Затоа што и таа тебе те имаше повредено пред тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ама таа ненамерно. А јас, намерно, смислено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)