— Шо ќе ти каже тој шмеќар? Шо да ти кажал, те излагал — млеко да го напоиш.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А од математика денес на чоек му е потребно само собирање и множење доколку сака да успее во животот или колку да не те излажат на пазар.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Луѓето се чудеа и се крстеа: „И господ не држи до никаков ред: за една ноќ може да те излаже за цело годишно време: вчера беше пролет, а денеска зима...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Оче Симеоне, кога се враќавме од планина, и кога дојдовме в град, на разделба те излажав дека ќе одам дома.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
СПИРО: На среќа, чорбаџике, туку тоа ти е готова несреќа: ако биде порано, — лошо, ако биде подоцна — уште полошо...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СПИРО: Секој ќе те излаже: некој ќе ти каже половина саат напред, некој саат и пол назад...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Да ти речам се сопнав на него, нема да те излажам.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сепак е тоа голем ризик за тебе, да доаѓаш со нас големите, и тоа сите машки, а само ти девојче.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Брат ми знаеше колку можам да бидам незгодна ако се запијачам за нешто и го смени однесувањето: - Слушај, Бреза, не сум те излажал, само убаво размислив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Е, сега, дали се викаше С'лп или Сопот, да не те излажам ако кажам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ме виде, ме прегледа и ми вели: — Трудна си, не те излажале.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ако некој ти речи дека ги браневме, ќе те излаже.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Ако те излажат? - Не сум будала.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)