- Не грижи се, пријателе, - сега ќе одам и ќе земам некој поголем стап, ќе ти го пуштам во дупката, и еве си ослободен - ќе те извлечам.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Потоа ќе се врзеш со него, и јас ќе те извлечам од дупката.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
„Сериозно го мислиш тоа?“ праша таа. „Така ти било пишано“ реков.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Од таа несреќа за жал никогаш и никој нема да те извлече. Богами убаво си загазила во калта“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па знаеш дека јас сум те извлекол од бункерот што гореше.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Бери си го умот зашто, ако те пратам уште еднаш таму, тогаш ни Христос бог, еба ти го, нема да те извлечи оттаму. Каталавес? (Разбра?) А сега - марш!...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Или сакаш да те вратиме онаму од каде што те извлекол албанскиот пријател?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Што? Зар нема да се видиме? - Кој знае... Војна е...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ти ќе се вратиш, Рајнер, му велев, реката беше само едно големо чистилиште, ме слушаш ли, Рајнер, тоа е само отпловување, и јас ќе те чекам на крајот од реката, Рајнер, ќе те чекам онаму каде што таа се влева во друго постоење, знам дека си тука, Рајнер, еве ја мојата рака, погледни ја мојата рака, Рајнер, сѐ ќе биде добро, верувај ми, кога ќе заврши твоето пловење, кога ќе излезеш од реката, ќе треба само да ја промениш облеката, ќе треба да облечеш нова облека, и се ќе биде добро, верувај ми, Рајнер, верувај ми, како што јас си верувам на себе, еве ја мојата рака, Рајнер, фати се за мојата рака, и јас ќе те извлечам, а потоа ќе тргнеме кон поинакво постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ги кажував тие зборови во себе, со затворени очи, и ја испружував раката кон Рајнер, а раката ми удираше во ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Седи таму, ке те извлечам!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
-Сега ќе те извлечам, старче, не вознемирувај се! – Му одговори Еразмо, пипкајќи го местото од џебот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)