те (зам.) - замоли (гл.)

— Имам нешто да те замолам кајмакамефенди, ама да не го земиш за зло — почна Грабула.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како и да е, на крај, ќе те замолам - земајќи го предвид твоето веќе прилично респектибилно искуство во разни „модуси на преживување”, а освен тоа и доследноста и „искреноста” (што и да значи тоа!) на твоето творештво - да промрмориш пар зборови за помладите читатели на Маргина на коишто толку очајно во ова распад-време им требаат поавтентични културни херои и што помалку демагошки стратешки визии. Дрн-дрн...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И уште многу ќе те замолам, Боже, лебот наш нека ни го донесат веднаш и што побрзо врати не дома... - липтеж ѝ го пресече гласот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Туку Никодине, никогаш во животот не сум те замолила за ништо. Понизно сум ти клечела и слугувала.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Излези ако можеш од работа, веднаш да се видиме“, те замолив.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Те замолив да ги соблечеш алиштата со кои беше на лов и да облечеш чисти, но ти се инаетеше и рече дека нема тоа да го направиш, во тој момент кога јас сакам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Гаврил од САД се јавуваше секој ден. При едно негово јавување на Скајп те замолив полека да станеш и да одиме до детската соба, до комјутерот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„Дали некој досега те замолил да заѕидаш нешто во ѕид?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Алек, сакам да те замолам нешто.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- А кон приказната на Огнена Гулева?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Огнена Гулева ниту еднаш повеќе не беше спомната во нашиот разговор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како се однесуваше кон неа другарот Ѓурчин?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Мајка ми рече да те замолам да вечераш со нас“, му реков а тој без зборови ја прифати поканава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)