Својствата на музиката
му се спротивставува
на календарското време
и начин на живеење;
сѐ подредува на себеси;
од еден и еден прави
еден човек;
не ја злоупотребува искреноста;
ја ублажува сличноста
меѓу несреќата и страста;
ја збогатува крвната слика
на емоциите;
луѓето ги дели по слухот;
процес е кој трае
без оглед на злосторствата
исчезнувањата, паѓањата
во неа емигрираат
немуштиот јазик
и душите
потребни ѝ се помошни средства
луѓе и тишина;
се нуди
во најразлични изведби;
предизвикува природни феномени
затемнување на сонцето
на љубовта, рамноденица
труење со хармонија
музиката е без предрасуди
не озборува, не осудува
избезумува
те заведува, те заведува
и кога си во нејзини раце
те остава сам, со себе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Камилски беше готов да заплаче, да истури солзи врз својот свет жолт нотес, наменет само за запишување на главните идеи, но сепак се воздржа!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Јас сум виновен, само јас, што те заведов и тебе во оваа авантура!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И ако се врзеш за јарболот да не те заведе случаен бран дрвото, стоплено ќе разлиста и ќе те гушне.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)