те (зам.) - заборави (гл.)

Ете, си имал к'смет, не те заборавил господ ни тебе, ама не ме заборавил ни мене.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да, би можела да те заборавам, ама тогаш не ќе бидам јас....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Би можела и да те заборавам на илјада начини... но не сакам .. ќе те памтам, ќе те чувам во умот, во душата, во срцето...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Но таа ќе биде тука, нема да те заборави...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
- Убаво, убаво... Видиш, не те заборавиле.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ме бараа многу, дури не можев да одговарам на сите тие барања. Но не те заборавив.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кога му се сипуваа ракија на здробената шепа, воздивнуваа пучно: „Не пиеше, а господ сепак те заборави.“ Крвта се разводенуваше од лутата течност, капеше низ мртвите прсти и си го копаше сопствениот гроб во сувата земја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не те заборавив. Само се трудев да вечерва кога ја видов ноќта во косата на таа што ја напушти топлата постела.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја молиш смртта да те заборави. Заборав нема. Во тоа незаборавање е твоето проклетство.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ако си заљубена и имаш мерак по мене, најди си друг и заборави ме за да ти биде полесно, како што и јас си најдов друга и веќе те заборавив. Илија“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Та ти ни стори големо добро, кое... не би ни било простено од бога, кога би те заборавиле.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Едноставно праша: - Ами ти овде ли си, богати! Те заборавив, речиси.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На носот му висела проѕирна капка, во бистрината на таа капка можел да се огледа светот, сето село, планината зад тоа село, дел небо над таа планина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Каде е сега мајчето Минадора да ти помогне, батенце? Ја нема. Ти се стегнал грчмулот, те заборавила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не те заборавив. Само се трудев да се уверам дека бојата на косата не е сѐ во животот, дека темното злато на `ржта е изместено.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Има ли надеж дека пак пролет ќе дојде? и пак ќе грее моето сонце и патувања одново ќе има но место на Марс, во новите коридори на животот ќе ги побараме старите траги и сладоста во која уживавме Дозволи да те заборавам и соновите во јавето да бидат заборав и минатост...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Дозволи да те заборавам, соновите во јавето да бидат заборав и минатост...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)