те (зам.) - доведе (гл.)

А добро, што те доведе до оваа „сериозна“ одлука?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Неговите спори трепкања и речиси умртвени движења те доведуваат во состојба на рамнодушност и ТИ само сакаш да се препуштиш на сонувањето - она што никој не може да ти го објасни од каде доаѓа и зошто токму така изгледа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- „Да не мислеше дека те довеле овде да те мазнат, бре зевзек“, - му одговори началникот озабено, но сепак назидателно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не мисли ни на болката. Мисли на долгиот пат Што ќе те доведе повторно пред нејзини порти.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Оваа патека сега треба да сврти лево, Да почне да се искачува, Да те доведе под едно исушено стебло, Испотен да седнеш крај него, Да се сетиш на својот некогашен дом што веќе го нема, И во воздухот, на светлината што бие откај црквата,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Те доведов ваму сам да видиш дека ѕвездата не може да се фати.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И да те доведе, идниот пат, до поголема опасност – објасни старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа книга ја отворав само кога брат ми не беше блиску до мене; од неа тој имаше читано само куси делови и велеше дека е полна со заблуди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе те поведев и ќе те доведев во домот на мајка ми: ти би ме учел, а јас би те поела со зачинето вино и сок од калинки.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа е, што кај нас до лудило ќе те доведат, но попаметен уште никого не го направија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Е сега, тие уште попаметни се вратија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Лели те довел ветро у нашава земја, кај што чоек не дошол досега - му рекол - ќе ти кажам од кај те познаам, чунки си имал к'смет да се видиш со мене и гостин ќе ми бидиш у мене.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ја повели, седни и малку леб и сирење касни, да еве кај се стемнуат и ќе си ојме у мене дома, да тамо ќе се разбериме за сѐ што има да нѐ прашаш и да те прашаме.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Не ти давам, му велам, таа ракија до оваа пропаст те доведе и не ти давам, Сакаш лути ми се, сакаш не, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Те нема да наминеш до портата на случајноста... онаа порта која те доведе до искушение.. онаа која го освои твоето немирно срце...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Да ти кажам ли зошто тебе те доведовме тука ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Напротив“, рече, „ти не го контролираше. Токму тоа и те доведе тука.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И дење и ноќе се молев Богородице Мајчице да ме крепи - Господ да ме поживее колку тебе да те пречекам - како што сум ѝ ветила на Ѕвезда моја... да не ја одминеш нејзината светлина... се молев... се молев... и еве - сум те дочекала... и те доведов до местото кајшто те чека... да се здружите - дорече задишана мајка Трајаница.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Едното е да те доведе до нешто на што не си помислувал - да развиеш облик, или организам за кој не си ни сонувал.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Што работа те довела, брат Ѓорше?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ѝ пееме на раката што те прелажа крај ливадите и те доведе тука времето чирак да ти биде на ликот твој да му служи и да се подучува за тајните и тајни патишта на убавината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Имаш фина девојка – го крена погледот Грофот. – Но каква корист од тоа? – додаде многу невкусно и ме погледна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спомна дека Маестрото лично неа ја поканил.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Самата му се придружила на службеникот кој бил испратен да те доведе. Без никаква принуда.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На еден чуден начин, помеѓу траурното шепотење на Катерина, Јана ја изрече својата покана: - Ќе го продолжиме разговорот кај нас, ако те доведе - и покажа кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Ако, ако“, се смееше милиционерчето „таа вистина што ја исмејуваш белки повторно ќе те доведе кај нас“, ми се закани.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И што ли до ваков те доведе кипеж?
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)