А негде на крај свест се клештеше една црна величественост: некоја заседа го отклучила станот и сега те демне, ќе имаш преграб и борба, па бори се.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се залеа себе си...со ништо. Таму кај што ѓаволот те демне.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
„Во вас е влезен ѓаволот луѓе, велеше, тука ви е тој постојано: и кога не го сакаш и кога не го очекуваш, тој ти иде; и кога бегаш, тој со тебе трча: сенка ви е; во сè се преправа и во сè се престорува; што и да чиниш, што и да правиш, тој тука ти е: те демне и гледа кај да ти се вовре; и кога спиеш, и насон - тој тука ти е...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ти си сѐ така свежа и ниедна брчка по лицето не ја издава опасноста што те демне.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)