те (зам.) - варди (гл.)

И баба, и мајка да си ѝ, додека да се вратам, - рече па го извади дрвеното крсте, виснато на усукана бела и црвена нишка - Еве, ќерко мила, Ѕвездо моја најсјајна, крстето ти го давам да те варди од сè нешто лошо.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Од некое свое засолниште утот Утариус ми посака среќа: Не верувам во ангели, но ако ги има нека те вардат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И тиа твои јатаци шо те вардат, те вардат оти му даваш бакшиш на децата, те вардат оти имаат извесен ќар од тебе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- ти се молам, мила ќерко, поврати се дур е време - оти ти си многу млада - многу млада росен цветец - ај, погледни уште еднаш - проговори уште еднаш - да ми дадеш проштевање - на мајка ти некадарна - од болките да те варди - од болките да те спаси - леле, леле јас сирота - што сум била таксирлија - што ме најде небиднина - ај, со тебе јас да легнам - да те топлам, мила ќерко - како в земја да те легнам?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Те одгледах и те вардех како прва рожба?!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
ПРЕДЕЛ НА ИЗМИСЛЕН СВЕТ
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Со еден збор, Организациата сака да направи од целиот наш народ војска, аскер, послушен кој утре ќе се дигне и наоружан ќе и нападне. сете турцки уќумати, ќе и исколе сете мудури, кајмаками, валии и паши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ДЕПА: Далеку, срце, многу, како што кажуваш... Господ да ми те варди и да ми те чува од лошо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)