Домаќинот без голема покорност покажа на софрата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Првин молат, те благословат, а после те колнат и ти караат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Господ да те благослови тебе и царството на твојот цар, благочестив управнику“, одговори Филозофот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Со него и тебе ќе те благословам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Бујрум, ага, на зијавет. Ќе те послужиме како свој човек, алах те благословил.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Покори се безропотно, Онисифоре. Го определувам другиов да ги води запрегите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)