Таксај му оти во Дуње ќе платиш кога ќе се вратите, та белки нема секој ден да те бијат, Позаварди го грбот и коските, оти ќе ни требат за понатака, ако сака господ — заврши Толе и стана, го остави Андона да се мисли што ќе бидат овие негови зборови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И замисли таа да те бие по муцка, да ти пцуе мајка, сестра и жена и сите светии...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И, најлошото што може да ти се случи е да те прочитаат и едниот и другиот, а тебе да почне да те бие глас на некоја што повеќе милува парни броеви и две фотелји, дека грев е приликиве да ги споредуваш со столчиња.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)