Нејсе, нели кинисала, каква да е — таква ќе ја водат в село.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Та сега нас ќе не сајдиса и помин со таква ќе се помине. Токо, ка да си правиме сеир со умот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нека разбере секој таков, а особено нивните десетари, дека таквите ќе бидат обесени ошче утре на сретсело, а нивните деца и жени изгорени во нивните куќи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Каде ќе гинеме ние, нека гинат и тие.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бездруго, македонските маси со поголема радост ќе го прифатат гледиштето на македонските националисти што проповедаат Организацијата да се претвори од револуционерна во еволуциона. Како таква ќе може легално да работи во Турската Империја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но тоа нешто е вештачко и како такво ќе трае ден до пладне.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Таков ќе беше излезот од востанието при поголем опит меѓу бугарските дипломати.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Богдан сè така погледнуваше во лицето од баба му кое како да плачеше, како да ја одбиваше смртта; го лееше дождот тоа нејзино мермерно лице и Богдан држејќи ги очите на него, веруваше дека и во гробот такво ќе остане и нема да се распадне.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тогаш ќе можев да бидам сигурна дека таква ќе ме сакате.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Таа мислеше дека тој не слушна ни збор од она што кажа таа, но во следниот миг живата светлина му се врати во очите и ужасната маска му се крена од лицето и тој рече, ”Какво име сакаш ти, такво ќе му дадеме.”
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Оваа врска очигледно се сведуваше на умно другарување и комодитет за заемната страст. Таква ќе се покаже Летка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Какво има во моментот, такво ќе земеме. (Ахх, би сакал таа да се сетеше дека овој муабет до сега требаше да го правиме за дете, а не за куче).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Вие сте каури-рисјани и како такви ќе можете тептил да одите во тој змијарник и да разберете само две работи: кои се водачите освен оние поповите и два-тројца што ги знаеме веќе и каде е нивната слаба страна за да ги победиме.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Такви сте се родиле – такви ќе си умрете.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И така таквиот ќе скита во нирваната додека, преку разни маки, не си ја исчисти душата од предавството”.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Постојано се раѓаа нови луѓе, а кога ќе успееше некој од нив да се спријатели, по некое време таквиот ќе остареше, ќе умреше, и тој по неговата смрт пак остануваше осамен и тажен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Јас сум Нероден Петко и таков ќе си останам се додека не се најде тој што ќе ми покаже дека имам мајка, таков сум јас.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)