Мое беше дали ќе го прифатам таков или не, човек оптеретен со минатото, смртта на неговата жена, неговата болка, ама и отворениот и искрен пристап кон мене.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Другите, од тоа време, се такви или слични - искинати, замаглени, не сосем јасни.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ако се довериме на првата теорија, т.е. дека Бугарите и Србо-Хрватите се преселија на Балканскиот Полуостров како готови одделни целини, тогаш се поставува прашањето до каде се простираа тие народности во времето на преселувањето и дали сите дојдени бугарски Словени останаа и досега такви или некој дел од нив се посрбија?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И дали сите дојдени Србо-Хрвати останаа како такви или дел и од нив се побугарија?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сомнението што се роди во мене во врска со однесувањето на човекон од приказната кого го повикувал гласот на жена му ме поттикна да напоменам дека несреќникот веројатно заскитал во оној напореден свет воден од прилично сериозен привид?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А и за сфаќањата на Роман Гигов Грофот не постоеле некои такви или слични законитости, или барем не ги спомна, па сепак според приказната што ја раскажа како да посакуваше да ми наговести дека и тој наслутува постоење на некои такви можности но притоа не беше спремен отворено да ги соопшти.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)